• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Recepti

Десерти

КОХ ОД СОИНИ ТРОШКИ СО ТИКВА ИЛИ ЈАБОЛКА

Потребно: 500гр. тиква (или јаболка), 160гр. кафеав шеќер мусковадо, 150гр. разно овошје (по вкус), 100гр. соини трошки, 60гр. брашно од соја, 60гр. гриз, 1/2дл. млеко, 1дл. кисела павлака, 1 цимет, 1 ванила, 2 јајца, 2 кесички шлаг.

Подготвување: наренданата тиква (или јаболка) се мешаат со соиното брашно, гризот, соините трошки (предходно натопени во врела вода и исцедени) и 80гр. шеќер. На оваа маса се додава млекото, павлаката, изматените јајца (со другата половина од шеќерот), циметот и ванилата. Масата се става во калап за печење, предходно посипан со брашно и се пече на 200-250°Ц. Кога ќе се испече и олади се премачкува со шлаг и се украсува со овошјето.

КОЛАЧИЊА ОД ОВЕС

Потребно: 2 шољи овесни снегулки, 1 шоља вода, 1 шоља млеко, 2 лажици конзервирано млеко, 1 лажица млеко во прав, 1/4 кафено лажиче пециво, 2 белки од јајце.

Подготвување: помешајте ги заедно овесот, млекото и пецивото. Изматете ги белките и додајте ги на смесата. Печете на тефлон тавче, ставајќи по една лажица тесто се додека колачињата не добијат кафена боја од двете страни. Се служат со сезонско овошје.

МИРИЗЛИВ ОВОШЕН КОЛАЧ СО ОВЕС

Потребно: 1 шоља овесни снегулки, 1/4 шоља суво грозје, 6 суви кајсии, 4 суви смокви, 4 урми, 4 половинки суви круши, 1/2 шоља мешано јаткасто овошје (орев, бадем, лешник), 3 лажици кокосово брашно, 1 банана, 1 лимон, 1 портокал.

Подготвување: се става овошјето, јатките од бадем, орев, лешник и кокосовото брашно во машина и се меле крупно. Се миксира бананата со ванила и со половина лажиче рендана кора од лимон и портокал. Се цеди сокот од лимонот и портокалот. Се меша меленото овошје со бананата и се додаваат овесните снегулки. Се меша, се додава ванила, цимет, морско оревче и сокот, додека не се добие цврста леплива маса. Се прави ролат, се оладува и се служи сечен на тенки парчиња.

ПАЛАЧИНКИ ОД ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ

Потребно: 1 шоља овесни снегулки, 1/4 шоља интегрално брашно, млеко од соја, малку морска сол.

Подготвување: снегулките се попаруваат со врело млеко. Се оставаат извесно време да набабрат. Се додаваат брашното и солта, па се прави изедначена смеса за палачинки. Тавата со малку газа натопена во масло се премачкува, па се печат палачинките. Се филуваат по избор.

ПРАЗНИЧЕН СУТЛИЈАШ СО МЕД (за едно лице)

Потребно: 1 лажица интегрален ориз, 1 лажица млеко, 1 лажица мед, 4 суви сливи, 4гр. желатин, 1 чаша сок од јаболко, 2 парчиња портокал, неколку капки свежо цвекло, неколку зрна суво грозје.

Подготвување: оризот се вари и цеди, се меша со млекото и сокот од цвекло, за да се вцрви. Сливите со сувото грозје се ставаат во малку вода да омекнат. Сокот од јаболко се вари, се додава 1/2 лажица мед и желатин. Се прелива тенок слој желе во калап кога е оладен и се внесува во сад со ладна вода. Се додава едно парче портокал, се прелива пак со желе, се додава грозјето и од горе останатото желе. Најгоре се става другото парче портокал. Се држи на ладно целосно да се стврдне желето. Се вади од калапот, се сервира во средината оризот, а како гарнир се ставаат сливите.

КОЛАЧ ОД ОРИЗ И ОВОШЈЕ

Потребно: 2 шољи сварен интегрален ориз, ванила,1/4 шоља суво грозје, 3/4 шољи врела вода, 3 големи лажици сок од портокал, 1/2 шоља ореви, 1 банана.

Подготвување: врелата вода, сокот од портокал, оревите, бананата и малку ванила се миксираат да се добие рамномерна смеса. Се вари овесот и се меша со грозјето и малку ванила, па се меша со кремот. Се формира колач со саканиот облик и се пече на средна температура околу 30 мин.

ЈАЧМЕНОВА КАША СО СУВО ОВОШЈЕ

Потребно: 250гр. јачмен, 150гр. суво овошје (урми, смокви, сливи, грозје... ), мед или Малтекс.

Подготвување: Јачменот се потопува преку ноќ и утредента се вари на тивок оган. Се процедува вишокот на вода, па се додава измиеното и исецкано овошје. Јачменовата каша може да се служи топла или студена.

СЛАТКИ БОМБИЦИ ОД СУСАМ И СОИНО МЛЕКО - СоВита

Потребно: 2 шољи малку запечен сусам, 1 шоља соино млеко во прав СоВита на Виталиа, 1 кесичка ванила, една и пол шоља мед (можете да користите и друг природен засладувач како Малтекс, Оризов Малт или Гроздов Малт – Маџун).

Подготвување: Се двои половина шоља од сусамот, а остатокот се меша со соиното млеко во прав, ванилата и медот и се меси за да се добие компактна смеса. Се формираат бомбици – топчиња во посакуваната големина и секоја посебно се валка во останатиот сусам. Се оставаат бомбиците во фрижидер за да се стегне смесата, а потоа се редат во корпа за послужување.

БОМБИЦИ ОД ПЧЕНИЧНИ НИКУЛЦИ - КЛИЦИ

Потребно: 1 шоља пченични никулци на Виталиа, 1 шоља лешници, 1 шоља ореви, мед (или Малтекс), малку сок од портокал (или мандарини).

Подготвување: Се мелат лешниците и оревите и се мешаат со никулците. Потоа се додава мед (или Малтекс) и сок од портокал колку што е потребно за да се добие маса за подготвување на бомбици. Се месат и формираат бомбиците со големина по желба.