• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Природни нерафинирани шеќери

Нашиот организам не е создаден за користење и разложување на рафинираните производи како што е белиот шеќер. Под името рафиниран бел шеќер се крие тежнеењето на производителот да го забави процесот на расипување на производот. Со процесот на рафинирање белиот шеќер го губи вкусот, бојата и сите хранливи состојки вредни за нашиот организам освен, се разбира, калориите. Без олигоелементите, витамините и минералите кои се неопходни за метаболизмот, белиот шеќер е вистински загадувач.

 

Консумирајќи го, не внесувате продукт кој ве храни туку продукт кој ви го одзема она што веќе го имаме - енергијата, ензимите и минералите кои се трошат за негово разложување. Забите се расипуваат не само затоа што со нив грицкаме слатки во чија основа е белиот шеќер, туку затоа што организмот ги троши сопствените резерви на калциум за да го разложи шеќерот, што предизвикува ослабување на забите и коските. Токму затоа размислете каков шеќер користите. Не заборавајте дека мудроста лежи во способноста да се открие алтернативата. А здравата алтернатива за белиот шеќер е токму кафеавиот нерафиниран шеќер.

 

ВИТАЛИА КАФЕАВ ШЕЌЕР - за подобар вкус и добро здравје

 

Сега имате можност да направите вистинска промена и да го исфрлите белиот шеќер од секојдневното мени одстапувајќи му го местото на еден од трите кафеави шеќери Мусковадо Лајт, Мусковадо Дарк и Демерара од палетата на Виталиа во чајот, кафето, млекото, пудингот, слатките. Овој чекор со сигурност на Вас и Вашите најблиски ќе овозможи добро здравје и долговечност.