• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Novosti

Виталиа со нова електронска продавница достапна 24/7

Здравите продукти под брендот Виталиа од сега поблиску до потрошувачите преку www.shop.vitalia.com.mk

Следејќи ги желбите и потребите на потрошувачите, Македонскиот бренд Виталиа кој 21 година ги снабдува домашниот и странските пазари со квалитетни и оригинални здрави производи, неодамна одлучи да ја модернизира и олесни достапноста до своите продукти преку отварање на E-Shop, електронска продавница за здрава храна.

“Динамичниот животен ритам наметна потреба од нов начин на сервисирање на нашите потрошувачи. Нашата определбва да го понудиме само најдоброто, не мотивира да ја создадеме новата Vitalia електронска продавница www.shop.vitalia.com.mk каде на брз, лесен и едноставен начин, потрошувачите имаат 24 часовна можност, секој ден во неделата, да ги одберат и нарачаат своите омилени здрави производи со брендот Виталиа и тоа мусли, барови, диететски производи, сушени овошја, вегетеријански продути и многу други“ – изјави Искра Ветаџокоска - Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.

Од 16ти до 26 ти септември Виталиа организира промотивен период со бесплатен транспорт за сите нарачки над 399 ден. Плаќањето на нарачките ќе се извршува само по електронски пат, а доставата на селектираните производи ќе биде можна за целата територија на Република Македонија.