• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Novosti

"Посно и вкусно"


“Посно и вкусно”е новата кампања на Виталиа, креирана со цел на нашите потрошувачи дополнително да им се доближи широката палета на посни производи со кои располага.

Сето тоа како дополнителна мотивација за сите оние кои постат, а воедно се вљубеници во здравиот живот и исхрана, дека постот не мора да значи откажување од слатките и вкусни задоволства.

Почнувајќи од баровите со природни засладувачи и какао, па се до диететските џемови и компоти со вкус на слива, кајсија, праска и аронија, медот погоден и за дијабетичари, какао кремот и многу други. Да не ги заборавиме и муслите кои се со 20% намален шеќер, без лактоза и млеко, без палмино масло и вештачки ароми и со многу овошје, диетални влакна и минерали.

За оние кои се љубители на солената трпеза, на располагање им се супер вкусните соини паштети со лук, пиперка, маслинки и печурки, како и соините трошки, шницли и топчиња.

Најновиот член во семејството Виталиа, а воедно и партнер на вашата посна трпеза се кранчи цитрус муслите, кои се дополнително збогатени со калциум и магнезиум, со 30% намален шеќер и дополнителен извор на диетални влакна.

 

Посно, здраво и вкусно на едно место.

Уживајте во постите со Виталиа.