• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Novosti

Ново! Vitalia Smоothie To Go!

Пет функционални и вкусни смути пијалаци, секој со оригинална нутриционистичка формула и изобилство на нутритиенти: фитнес, детокс, антиоксидант, веге витаминска бомба и протеинско! Виталиа смути пијалаците се вашата нова нутри бомба за дневно ревитализирање! Само во Vitalia health stores!

подетално

Илина и “Виталиа” ги освојуваат врвовите во светот

Неуморниот дух, желбата за авантура и љубовта кон планините не ѝ дозволуваат на македонската алпинистка Илина Арсова да остане на едно место. Освојувањето нови врвови е она во што таа ужива и на што максимално му се посветува. А, на патот кон новите врвови, главната енергетска поддршка Илина ја добива од Виталиа.

подетално

„Виталиа” – 25 години производство и едукација за здрави прехранбени навики

Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа” слави јубилеј 25 година постоење на македонскиот пазар. 25 години на општествено одговорно однесување и континуирана едукација на населението за потребата од здраво исхранување. Компанија која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.

подетално

Кои се придобивките од постот?

Хипократ, таткото на медицината, сметал дека болестите предизвикани од прекумерна тежина може да се излечат со постење. Еден од првите третмани за лекување на дијабетес, на почетокот на 20 век, на пример, се состоел од буквално гладување на пациентите во период од неколку дена. Денес, луѓето постат од духовни причини, но и честопати се мотивирани да изгубат вишок на килограми и да ја подобрат својата здравствена состојба.

подетално

Што е VITALIA MEMBERSHIP CARD?

Со Виталиа MEMBERSHIP CARD сакаме да ја доближиме здравата храна и здравите навики поблиску за Вас - нашите ценети потрошувачи. Со Виталиа МЦ ќе уживате со Вашите омилени протеински, безглутенски, ниско калорични, диетски, органски и вегетаријански здрави производи под брендот Виталиа, за многу пониски цени.

подетално

Принцот Алберт од Монако ќе јаде мусли Виталиа

Покрај многубројните држави во кои извезува македонската производна компанија Виталиа од декември 2017 година започна со извоз и во кнежевството Монако.

подетално

Познатиот германски фудбалер Томас Мулер јаде мусли по рецептура на Виталиа

Светски познатиот германски фудбалер, член на германската фудбалска репрезентација и ФК Баерн Минхен, Томас Мулер на својот Facebook и инстаграм профил објави фотографија како појадува FAN мусли, подготвени по оригинална рецептура на Виталиа.

подетално

Виталиа разви производна линија за најпознатиот германски гастроном Алфонс Шубек

Најпознатиот кулинарски шеф во Германија се служи со рецептите на Виталиа. На покана на најпознатиот германски гастроном Алфонс Шубек, тимот за развој на производи на Виталиа разви производна линија на мусли, барови и мешавини за појaдок.

подетално

“Посно и вкусно”

“Посно и вкусно” е новата кампања на Виталиа, креирана со цел на нашите потрошувачи дополнително да им се доближи широката палета на посни производи со кои располага. Сето тоа како дополнителна мотивација за сите оние кои постат, а воедно се вљубеници во здравиот живот и исхрана, дека постот не мора да значи откажување од слатките и вкусни задоволства.

подетално

Нов, уникатен начин за здрав појадок во Виталиа Мусли Бар во Т.Ц. Лептокарија

Виталиа Мусли Бар е новоотворен уникатен објект на Виталиа сместен во трговскиот центар Лептокарија во Скопје каде потрошувачите имаат можност да го започнат денот на здрав начин со здрав појадок кој самите ќе го креираат. Станува збор за иновација на ”Виталиа”, Виталиа Мусли Бар простор уреден во нивниот препознатлив, модерен и функционален дизајн. Тука, потрошувачите ќе можат да го креираат појадокот по свој вкус и во многу различни комбинации.

подетално

Виталиа освои 6 нови егзотични дестинации

Пет нации со различни култури и навики во исхраната од неодамна имаат нешто заедничко и тоа од Македонија. Тоа е Виталиа, познатиот македонски производител на здрава храна кој го направи својот прв извоз во Малезија, Сејшели, Тајван, Маурциус, Панама и Куракао.

подетално

Mега интервју на г-ѓа Искра Ветаџокоска – Муцунска, менаџер и ко-сопстевник на Виталиа, во бизнис магазинот “Економија и бизнис” – март 2015

ЕБ: Госпоѓо Ветаџокоска-Муцунска, вие сте косопственик и менџер на Виталиа, бренд со исклучително висока репутација во областа на здравата храна. Дали одлуката да се фокусирате на здравата храна беше стратешка одлука уште на самиот почеток, пред повеќе од дваесет години? Какви беа првичните планови и очекувања, почетоците на бизнисот?

подетално

123...7