• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Предавања и работилници

Едукации во основни училишта

Во рамките на проектот се реализираат посети на основни училишта на територијата на Скопје и пошироко. До сега се реализирани посети на 16 основни училишта, каде над 1000 ученици на возраст од 10-15 години имаа можност да учествуваат во креативни и практични работилници за стекнување на здрави навики на исхрана, водени од нутриционистите на Виталиа. Работилниците се интерактивни, каде децата дебатираат, дискутираат, даваат свои идеи и примери за начини на подобрување на секојдневната исхрана и сите учесници добиваат пакетчиња со производи на Виталиа.

Предавања во градинки

Како дел од проектот, исто така се одржуваат и предавања во градинки на деца од 4-6 годишна возраст, каде во топла, пријатна и весела атмосвера и на многу сликовит и интересен начин соодвтетен на возраста им се доближува важноста за здравата храна на најмадите. До сега такви предавања се одржани во 3 градинки, но секако Виталиа не запира тука.

Едукативна посета во Виталиа

Покрај едукативните предавања реализирани во училиштата, ученици од Основното училиште Коле Неделковски од Скопје присуствуваа на едукативна посета во Виталиа и одблиску можеа да сe запознаат со здравата храна и да дознаат повеќе информации за целиот процес на производтво, од суровина, па се до готов производ. Едукативната тура беше едно одлично искуство како за децата, така и за тимот на Виталиа кој несебично и срдечно ги пречека најмадите гости.

Едукативна манифестација “Здрава храна за здраво срце”

По повод Светскиот ден на срцето, Виталиа организираше едукативна манифестација во Центарот за поддршка на бегалците во Шуто Оризари, насловена “Здрава храна за здраво срце” на која нутриционист од Виталиа одржа предавање за важноста на правилната исхрана. Со оваа иницијатива Виталиа ја покажува својата ориентираност и грижа за ранливите групи и како општествено одговорна компанија и како достоен партнер на Општествените Институции како Црвениот крст на град Скопје.

Трибина по повод Светски ден на храната

По повод светскиот ден на храната 16 октомври, во 5-тата приватна гимназија се одржа трибина посветена на балансот и хармонијата во исхраната. Под слоганот “5-ка за здрава храна”, средношколците, во пријатна атмосфера, можеа да осознаат кои се предностите и квалитетите на правилната исхрана. Трибинии се одржаа во 5-та приватна гимназија Скопје и Струга, а ги водеше нутиционист др. Нела Деспотовска од Виталиа, која го започна своето излагање со истакнување на негативните ефекти од постојаното конзумирање на брза храна и заврши со 10 препораки за здрава исхрана кои учениците треба да ги практикуваат.

Донации со производи за млади спортисти и спортски екипи

Во рамките на овој проект, Виталиа дава донации со производи за млади спортисти и спортски екипи , се со цел креирање на здрави генерации. Здравата храна и спортот неминовно одат заедно, а Виталиа секогаш беше и е отворанa за помагање на младите талнети кои само со правилен начин на исхрана, здрав начин на живот, упорност, истрајност и желба полесно ќе нижат успеси.