• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Арганово масло

за нега на сите типови кожа, коса и нокти

Аргановото масло потекнува од Мароко, а се добива од оревот на дрвото Арган. Ова таканаречено течно злато е исклучително богато со минерали и витамини и претставува вистински еликсир во козметиката.

Најчесто се применува како препарат за:

  • Лифтинг на кожата на лицето и вратот

Ги подмладува клетките на кожата и дава еластичност, го забавува стареењето, и формирањето на брчки и ја подобрува виталноста на кожата. Нанесете неколку капки, нежно измасирајте и оставете да се впие.

  • Нега на сува и испукана кожа на усните

Нанесете 1-2 капки и убаво распределете за омекнување и хидратирање на усните. Посебно се препорачува да се користи во зимскиот период.

  • Нега на сувата кожа на стапалата

Нанесете неколку капки и измасирајте ги стапалата за добро впивање на маслото. 

  • Маска за сјајна и здрава коса

Нанесете 1-3 капки на врвовите на влажна коса и исчешлајте убаво. Дава еластичност, цврстина и сјајност на меката коса.

  • Подобро обликување на косата

Нанесете 1-2 капки на врвовите на косата и обликувајте ја. Ке добие изглед на негувана, цврста коса.

  • Против првут

Нанесете неколку капки директно на скалпот, распределете го рамномерно, и оставете да дејствува 15 минути. Потоа длабински исплакнете.

  • Нега и заштита на ноктите

Нанесете 1 капка на ноктите и кутикулите и оставете да делува 1 час. Потоа измијте ги рацете и продолжете со лесно вадење на кутикулите. На овој начин ноктите се негувани и со многу подобар изглед.

 

Подгответе маска за лице со Виталиа Арган Масло и Виталиа Зелена Глина:

Стевете 4 кафени лажици од  Виталиа Зелената Глина во соодветен сад. Додадете 4-5 кафени лажици вода и 8-10 капки арганово масло за смесата убаво да се хомогенизера. Потоа нанесете рамномерен слој  на лицето и оставете маската да се исуши. Маската се вади кога ќе почуствувате дека ви го затегнува лицето, со млака вода или чај од камилица. За здраво и негувано  лице со свеж изглед препорачливо е маската да се користи еднаш до два пати неделно. Резултатите ќе бидат видливи по првата недела.

Доколку сте алергични на јаткасти плодови, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба.