• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

100% Природен оцет од Диви Јаболка

За витка линија и добро здравје

Претставува природен производ добиен со ферментација на непрскани јаболка без додавање вештачки состојки.
Денеска најчесто се употребува како помош при редукциски диети, меѓутоа неговата најголема вредност е во лековитите својства.
Поволно дејствува на циркулацијата, ги штити срцето и крвните садови, го штити организмот од токсични материи, го нормализира крвниот притисок и помага за регулирање на нивото на холестерол, маснотии и шеќер во крвта.

Поради своето антибактериско, дезинфекциско и лаксативно дејство штити и го подобрува варењето при што ги елиминира разните нарушувања, особено инфекциите. Киселото е вкус што ја потикнува енергијата, го засилува варењето и го загрева телото па е од особено значење да се стави акцент на употребата на квалитетен природен оцет. При купување најдобро е да го побарате оној со потврдата за органско производство како што е јаболковиот оцет на Виталиа.

Начин на употреба: како здрав додаток во јадењата и во диетите за слабеење. Се мешаат 2 супени лажици јаболков оцет со 200мл. вода и се засладува по желба. Се пие три пати на ден пред јадење.