• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Гроздов слад - маџун

Гроздовиот слад - маџун е извонреден природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови виновa лоза од македонското поднебје.

Содржи гроздов и овошен  шеќер, хидросолубилни витамини (B1, B2, B3, B6 и C), минерали, (К, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини.

Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, рековалесценти, возрасни како и спортисти. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при инфекции на дишните органи, при нарушена функција на хепар (жолтица, алкохолизам) при психички нарушувања и прекумерна тежина. Маџунот е 100%  природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси.
Употреба: по една супена лажица 1-2 дневно растворена во вода, чај, млеко.

МАЏУН - засладувач кој ја содржи моќта на грозјето

Грозјето несомнено е едно од најпочитуваните овошки кај нас. Ретко кој може да одолее на црните сочни топчиња грозје исполнети со сладок и вкусен сок кој не освежува, заблажува и храни. Грозјето ни дава енергија и го обновува нашиот организам. Дали знаете дека токму грозјето е овошка која најдобро се вари и искористува во човековото тело. Шеќерите содржани во грозјето влегуваат непосредно во крвта, лесно се абсорбираат и се пренесуваат до клетките кои ги користат како енергетски материјал. Гликозата и фруктозата содржани во грозјето ја овозможуваат неопходната енергија за работа на мускулите, посебно на срцевиот мускул. Но, не само тоа. Грозјето е добро познат извор на витаминот А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6 и витаминот Д, и представува одличен мултиминерален комплекс.

Грозјето треба секогаш да биде застапено на нашата трпеза посебно во есенскиот период кога го има во изобилие. Со секојдневното конзумирање на оваа овошка ќе го поттикнете редовното прочистување на бубрезите и целокупниот организам од штетните продукти на метаболизмот кои се основни предизвикувачи на здравствени тегоби.

Но хранливите состојки на грозјето можете да ги внесете во организмот и со конзумирање на свеж сок од грозје или неколку лажички МАЏУН подготвен од гроздов сок.

Што е МАЏУН?

Едно од основните правила на здравата исхрана е замена на белиот шеќер со природен засладувач како што е медот, јачменовиот слад или кафеавиот нерафиниран шеќер Мусковадо. Но денес ќе ве запознаеме со уште еден извонреден природен засладувач од палетата на ВИТАЛИА. Станува збор за МАЏУНОТ природен засладувач од грозје подготвен според традиционален македонски рецепт. Маџунот или уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци како по својот оригинален вкус и арома така и по благотворното дејство врз човековото здравје. Маџунот се добива со изварување на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје. За гроздовиот сок се вели дека е хранлив како и мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди. Токму поради тоа Маџунот представува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогне да го сочувате и подобрите здравјето.

Но Маџунот не е само тоа. Тој е одлично природно лековито средство за зајакнување на имунолошкиот систем, но помага и при настинки и инфекции на респираторниот тракт. Една лажичка Маџун во текот на денот е одлична превенција од овие заболувања и ќе ви помогне да ги одбегнете честите нарушувања на здравјето.

Маџунот можете веднаш да го воведете во секојдневната исхрана и тоа пред се за засладување на напитоците, чајот, млекото, житните каши, муслите или пак како прелив на тортите и колачите. Научете ги своите најблиски на здрави прехранбени навики заменувајќи го белиот шеќер со Маџун. Со тоа не само што ќе го подобрите вкусот на тоа што го конзумирате туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на здравјето и психофизичката состојба.

Добро здравје со производите на ВИТАЛИА!

Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1224kJ
288kcal
Протеини 0g
Јаглехидрати 72g
Масти 0g