• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Ливадски мед

Виталиа ливадски мед потекнува од чистите еколошки предели на Источна Македонија. Има извонреден вкус и арома. Ливадскиот мед може да се најде во повеќе бои: од светло жолта до темна, речиси кафеава.

Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства. Има арома на полско цвеќе и се користи при лекување различни болести зашто има профилактички, хранливи и лековити својства. Поради богатството и складниот сооднос на витамини, минерали и ензими што ги содржи медот, со неговата секојдневна употреба го зајакнувате срцето, имунолошкиот систем и крвотокот.

Kако дејствува на организмот?

Медот на Виталиа дејствува антибактериски, го олеснува исфрлувањето на секретот од белите дробови, ги обновува оштетените клетки на организмот, ја намалува болката и го нормализира крвниот притисок. Медот содржи супстанции што го подобруваат варењето на храната и го спречуваат и лекуваат запекот (тврда столица). Тој, исто така, го зголемува хемоглобинот, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од храната, ги ублажува тегобите во менопаузата и го забрзува закрепнувањето на организмот. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, зашто одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. Ефектот ќе биде сличен и ако го растворите медот во лимонада, чаша вода или во шоља чај.

Начин на употреба: дневната доза за возрасен човек е максимум 100гр. мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (една супена или три кафени лажички ) дневно распоредени на три дела. Претераното консумирање мед може да предизвика алергија.

Шеќер
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1348kJ
322kcal
Протеини 0.3g
Јаглехидрати 80.2g
од кои шеќери 80g
Масти 0g