• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Сируп од урма


Здрава замена за шеќер. Со темна боја и многу сладок вкус служи за подготвување на голем број јадења во кои се вклучуваат  од десерти па се до пикантни главни јадења. Се препорачува секојдневно користење поради многубројните здравствени придобивки. Во себе содржи активни хемиски супстанции кои го спречуваат развојот на бактериски инфекции. Фенолните соединенија кои ги содржи во својот состав се карактеристични по своите антиоксидантни својства така што влегуваат во борба со бактериите на начин кој го забавува нивниот раст и развој. Во споредба со други природни засладувачи, сирупот од урма изобилува со фенолни соединенија и затоа е специфичен и се препорачува за секојдневна употреба.

Овој сируп има одлично ниво на железо, може да се користи при анемија, богат е со витамини и минерали а мал дел од неговиот состав припаѓа на растителните влакна. Помага за зголемување на енергија поради тоа што содржи шеќери кои не го оптоваруваат панкреасот а во исто време служат како храна за сите клетки.

Може да се користи како засладувач во чаеви, млеко, овесни каши, смути, десерти.

 

Неколку здравствени придобивки од користење на овој сируп:

  • Одличен извор на железо. Минерал кој е главна компонента за изградба на хемоглобин.
  • Сирупот од урма претставува природен начин за подобрување енергија.
  • Содржи минерали кој се дел од процесите за изградба на коски и мускули
  • Содржи витамини кои влијаат во смирување на нервниот систем
  • Содржи фенолни соединенија кои имаат антибактериолошко дејство.
  • Одличен извор на енергија пред и после тренинг.

Појадок со сируп од урма

3 лажици овесни снегулки, 1 лажица сируп од урма, 1 лажица мелени семиња, 1 лажица сува аронија.

 

Пилешко во сируп од урма

Состојки: 8 пилешки копанчиња, 2 лажици маслиново масло, 4 чешненца лук, ½ лажичка ѓумбир во прав, малку рузмарин, 2 лажици сок од лимон, 1 лажица соја сос, 4 лажици сируп од урми, 100мл бело вино.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во длабока чинија ставете ги пилешките копанчиња, зачинот , сирупот, сокот од лимон, соја сосот и оставете да одстои 15 мин. Префрлете во тава за печење и ставете во рерна. Печете 40 мин


Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 271kcal/1138kJ
Протеини 0.1g
Јагленихидрати 84-88g
Од кои шеќери 84g
Масти <0.1g
Од кои заситени 0.08g
Сол 0.2g
Глутен <20mg/kg
Калиум 740mg(21%)
Железо 0.44mg(31%)
Калциум 42mg(52%)
Магнезиум 46mg(122%)
Фосфор 50mg(72%)