• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Киноа

Без глутен

Киноата претставува природен извор на витамин Б6 и минерали од кои во најголема количина: манган (ги штити клетките од оксидативен стрес и ги подобрува психичките перформанси) и бакар (за одржување на нормална функција на нервниот систем).

Киноата е богат извор на протеини (100гр. семе од киноа содржи 14,1гр протеини, (28% од дневната препорачана доза)) за одржување на мускулната маса и нормални клетки, и регулирање на тежината бидејќи протеините помагаат во регулација на апетитот. Заедно со богатата содржина на растителни влакна и ниското ниво на масти (не содржи транс масти) даваат чувство на ситост кои ја прават киноата погоден додаток во исхраната на лица кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина.

Карактеристично за киноата е тоа што не содржи глутен, затоа се препорачува за сите оние кои се алергични на глутен. Не содржи ГМО и шеќери.

Нутриционистите сметаат дека, според хранливите својства и нема рамна на киноата, дури се оди до таму што ја изедначуваат со мајчиното млеко.

Киноата може да ја консумирате за:

  • Појадок- За енергичен почеток на денот додадете сварена киноа во: чаша млеко, или јогурт, оброк од мусли, овесни каши, овесни снегулки, овошни салати, смудинг, шејкови.
  • Ручек- За хранлив и вкусен ручек додадете сварена киноа во супи, сосови, варива, тестенини, салати.
  • Вечера- За лесна и хранлива вечера додадете сварена киноа во оброк со корнфлекс, кус кус, салати, пудинг.

Калориска вредност: 100гр. Киноа содржат 349.6 ккал

Ново практично пакување со зипер едноставно за отворање и повторно затворање

Достапно во пакување од 250гр

Халал сертифициран производ
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1462.7kJ
349.6kcal
Масти 5.6g
Транс масти 0g
Од кои заситени 0.7g
Незаситени масни киселини 4.9g
Јаглехидрати 57.2g
од кои шеќери 0g
Влакна 7g
Протеини 14.1g
Сол 0.013g
Магнезиум 197mg (53%)
Фосфор 457mg (65%)
Манган 2mg (101%)
Цинк 3.1m (31%)
Железо 4.6mg (33%)
Калиум 563mg (16%)
Бакар 0.59mg (59%)
Витамин Б6 0.5 mg (35%)