• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Za Vitalia

Виталиа прва комапнија за здрава храна со BRC сертификат

Виталиа е прва компанија за производство на здрава храна во Македонија која го добива високо реномираниот сертификат BRC од Велика Британија.

Управување со квалитет

Виталиа успешно ги има имплементирано следниве страндарди HACCP, ISO 9001:2008, SA 8001:2008, KOSHER, HALAL и ORGANIC BIO Cert, со што претставуваат уште еден доказ за посветеноста на компанијата за градење на доверба кај своите клиенти.

IFS сертификат за квалитет и безбедност на храна

Виталиа е првата компанија за здрава храна, добитник на реномираниот IFS сертификат. Со исполнувањето на условите за добивање на овој престижен сертификат, кој во голема мера го олеснува пристапот на компаниите кон пазарот на Европската Унија, Виталиа ја покажува својата стратешка определба за создавање врвни здрави производи со висока

НАССР систем

НАССР е систем на безбедност на храната заснован на седум принципи со кои на ефикасен начин се осигурува потполна здравствена безбедност на прехранбените производи во сите сегменти на призводство и преработка.

ISO 9001:2008

ISO 9001:2008 претставува меѓународен стандард за управување со квалитет, алтка која денес ја има скоро во секоја одговорна и сериозна организација ширум целиот свет. Основан во 1987 овој стандард конитуирано се надоградувал за денес да претставува синоним за квалитет во секоја вид на организација.

SA 8001:2008

SA 8000:2008 е интернационален стандард за општествена одговорност. Овој стандард е формиран 1989 година од страна на SAI (Social Accountability International) во асоцијација со Советот за економски приоритети и денес е најпознат меѓународно признат стандард за грижа на работниците.

KOSHER

Виталиа своето успешно работење на пазарот повторно го потврди во 2009 година, кога се се стекна со уште еден светски сертификат. Се работи за сертификат познат под името Кошер, со кој се потврдуваат постојните норми за храна кај еврејската религија и е неопходен за извезување во земји со еврејска вероисповед.

ХАЛАЛ

Халал е стандард кој ги содржи барањата и прописите според шеријатската норма за произведување на храна со Халал квалитет. Овој стандард се заснова пред се на производство на безбеден и здравствено исправен производ кој ги исполнува верските барања за производство на храна за потрошувачите со муслиманска вероисповед.

ORGANIC

Виталиа поседува сертификат за Органско производство, следејќи ги меѓународните правила за органско производство на високо квалитетна, здрава и безбедна органска храна со одличен вкус, на начин што не и штети на природата.

RSPO Сертификат

Грижата за заштита и развој на животната средина е една од главните принципи на кој Виталиа посветува особено внимание.