• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Вие прашувате - Виталиа ве советува

Испратете ги вашите прашања на contact@vitalia.com.mk и медицинскиот тим на Виталиа составен од доктор, фамецевт и нутриционист ќе ви одговори давајќи ви низа совети и корисни информации за вашето здравје.

ПРАШАЊЕ: Веќе подолго време вежбам во теретана и сакам да зголемам на маса, значи потребно ми е да внесувам повеќе протеини во исхраната, па би ве прашал кои производи да го консумирам што би имал подобар ефект? Инаку редовно консумирам од вашите производи, мусли, житарици, но конкретно ме интересира кои производи вие ги препорачувате?

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Правилната исхрана кај спортистите има големо значење. Од неа зависи не само здравствената состојба на спортистите туку и резултатите кои тие ги постигнуваат во текот на натпреварувањето. Со храната во организмот се внесува енергија, хранливи и заштитни материи неопходни за раст, развој и регенерација како и одржување на основните животни функции.

ПРАШАЊЕ: Од држење диета и малку исфорсирано вежбање си го расипав дигестивниот систем.Читајки наидов на информации дека морам да зголемам внесување на диетни влакна (fiber) за да го вратам во добра функција метаболизмот.Ми треба информација кои ваши производи имаат најмногу диетни влакна (Wheat Bran можеби?) и некој совет за секојдневна здрава исхрана без зголемување на телесната тежина.

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Опстипација, затвор или тврда столица се често употребувани термини за нередовно и тешко елиминирање на фецесот (остатокот на храна) од организмот.

ПРАШАЊЕ: Бремена сум во 15 недела и ме интересира кои ваши производи треба почесто да ги конзумирам? Инаку најмногу конзумирам гранола мусли, мусли барови, енерго микс, семки ид сончоглед.... 

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Здравата исхрана е многу поважна одколку земањето витамини и минерали како додаток во исхраната. Ако се храните квалитетно, сигурно не постои потреба за земање посебни додатоци.

ПРАШАЊЕ: Кои производи од вашата палета ги препорачувате за тромбоза? 

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Тромбозата претставува згрутчување на крвта. Најчесто може да се јави ненадејна и изолирана болка во раката или ногата по која следи промена на бојата на кожата, тврд и синкаст јазол во вената како и трпнење, неосетливост или чувство на студенило непосредно под местото на болката.

ПРАШАЊЕ: Дијагностицирано ми е HPV и CIN 1? Што ми препорачувате од Вашата палета за зголемување на имунитетот?

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Ако сакате да го избегнете голтањето на разни антибиотици и на природен начин да го активирате својот имунолошки систем, без двоумење внесете ги следниве производи на Виталиа во Вашата исхрана:

ПРАШАЊЕ: Веќе подолго време има несоница, страв и вознемиреност без причина. Кои прозводи од вашата палета ми ги препорачувате?

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Речиси сите понекогаш се чувствуваат потиснати, обично поради некоја вознемирувачка случка во нашиот живот. Најчести симптоми се долготрајна тага, губење на интересот за вообичаени активности, отежната концентрација, замор, недостиг на енергија, несоница, вознемиреност, главоболки и вртоглавица.

ПРАШАЊЕ: Здраво, Би сакал да Ве прашам дали продуктот "So Vita Chocolate" содржи шеќер (бел, кафеав,...)? Ви го поставувам ова прашање бидејки имам дијабетис, а сакам да го употребувам.

Одговор на медицинскиот тим на Виталиа: СоВита соиното млеко е здрава алтернатива за млеко со одличен баланс на хранливи материи пред се 40% помалку маснотии во однос на кравјото млеко.

ПРАШАЊЕ: Имам 18 години и ме интерсира дали јаворовиот сируп е добар за мене? Како се конзумира и каков ефект има овој јаворов сируп за 10 дена?

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Јаворовиот сируп на ВИТАЛИА е органски производ кој посебно се истакнува по својот квалитет и арома. Потекнува од планинскиот масив Апалачиан во Северна Канада, каде се произведува најкавалитетниот јаворов сируп во светот. Се карактеризира со темна боја која е знак за богата содржина на минерали (калциум, натриум, железо, магнезиум) и витамини (Б1, Б2, Б6, Ц).

ПРАШАЊЕ: Имам циста на бубрег. Кои производи од палетата на Виталиа ги препорачувате за превенција? 

Одговор на медицинскиот тим на Виталиа: Постоењето на цисти на бубрезите не мора да значи некаква непријатност. Некои луѓе никогаш и не дознаваат дека имаат циста на својот бубрег бидејќи тие не им предизвикуваат никакви негативни симптоми, бубрезите нормално функционирааат и личноста го проживува целиот живот несвесна за постоењето на цистата. Во некои случаи цистите можат да предизвикаат бол и “пецкање” на грбот во делот каде што се наоѓаат бубрезите. Цистите можат да бидат примарни, “наследни” и секундарни а се последица на дегенеративниот процес на бубрезите и настануваат со годините. Во секој случај, при редовните контроли цистите можат да се воочат при што е потребна соодветна терапија.

ПРАШАЊЕ: Сакам да зголемам тежината. Имам апетит, но никако неможам да се здебелам. Што би ми препорачале од вашата палета на производи? 

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: 1. Пивскиот квасец во прав – е најдобар природен извор на витамини од Б групата кои како такви најдобро се абсорбираат во организмот. Во себе крие богатство од корисни состојки и тоа протеини, аминокиселини, јагленихидрати и минерали неопходни за правилен развој и регенерација на клетките. Тој е еден од најдобрите диететски суплементи кој ќе ви помогне во борбата против анемија и слаб имунитет.

ПРАШАЊЕ: Дијагностицирано ми е намалено дејство на тироксин. Ваши предлози за здрава исхрана со оваа дијагноза.

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Преку хормоните што ги произведува, штитната жлезда влијае речиси врз сите метаболички процеси во организмот. Најчеста тегоба со штитната жлезда е неправилното создавање на нејзините хормони што доведува до хипотиреоза. Хипотиреозата потекнува од намаленото лачење на хормоните на штитната жлезда. За создавањето енергија во организмот се потребни определени количества хормони на штитната жлезда, па намаленото лачење на хормоните доведува до пониско производство на енергија.

ПРАШАЊЕ: Дали кај вас може да се набави Хелда и ве молам да упатство за подготовка и корисење? 

Одговор од медицнскиот тим на Виталиа: Иако Хелдата ботанички не припаѓа во групата на житарките, сепак е вклучена во нив поради сличноста на биолошкиот состав и улогата во исхраната што ја имала и се уште ја има во некои земји во светот. По потекло е од Азија и Сибир каде што се користела како основна храна во вид на каши. Има висока енергетска вредност, содржи висок процент на протеини 11.7%, јаглени хидрати 72.9%, растителни масла 2.4%, минерали посебно калиум (448мг), фосфор (282мг) и калциум (114мг), а има и железо, натриум и магнезиум.Исто така ги има скоро сите витамини од Б групата и значајни количини нијацин. Доста е калорична – 100гр.содржи 335 калории.