• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

За проектот

Изминативе 18 години Виталиа напорно работи на остварување на својата мисија за создавање на здрави генерации.

Како општествено одговорна компанија, вложуваме во постојана едукација на населението со посебен акцент на најмладата популација со цел да се креираат здрави навики од најраната возраст. На тој начин компанијата помага во креирање на здрави идни генерации.

Проектот “5-ка за здрава храна” за едукација на децата воден од стручниот тим на Виталиа се изведува веќе трета година по ред и во него се вклучени градинки и основни училишта ширум Македонија. За реализација на овој проект ги посетуваме децата од основните училишта и градинките каде во рамките на еден час децата имаат можност да научат за здравиот и правилен начин на исхрана.

Во проектот се вклучени стручен тим на нутриционисти, технолози, фармацевти и доктори во Виталиа кои со своите широки познавања од областа на здравјето и исхраната, креираат едукативни предавања и работилници според најсовремените европски стандарди за исхрана кај децата и младите, приближувајќи им ја здравата храна како редовна навика.

Зошто овие едукации се важни за децата?

Еден од главните предуслови за здрав развој на децата од предшколска и школска возраст е здравата и правилна исхрана. За жал, брзиот и динамичен живот наметнува поинакви, нездрави навики не само на возрасните, туку и на најмалите. Готовите оброци и брзата храна стануваат дел од секојдневието на се поголем број на деца- што придонесува за проблеми со здравјето во подоцнежните фази од нивниот развој.

На оваа возраст децата започнуваат да ги градат своите навики за дневни оброци, за содржината на оброците како и за составот на храната која ја консумираат, а добрите навики во исхраната несомнено ќе влијаат во нивниот понатамошен развој.

Младите се група која задолжително треба да се едуцира и да ја практикува здравата исхрана. На оваа возраст децата започнуваат да ги градат своите навики за дневни оброци, за содржината на оброците како и за составот на храната која ја консумираат.

Основната цел е преку едукација и интерактивен приод на децата да им се предочи вистинската вредност на здравата храна, како и потребата за редовно користење на храна, која ќе има соодветна нутритивна вредност, особено за децата во таа возраст, како и тоа да научат како здравите навики на исхрана ќе им помогнат и во нивниот понатамошен развој.

Пакетчиња производи за младите

Покрај одличната едукација за здравиот и правилен начин на исхрана, секој еден ученик за време на едукативните предавања/работилници добива пакетче производи од Виталиа како пример на производи кои можат да бидат дел од нивната секојдневна исхрана (мусли, барови, житни плочки, кранчи мусли, гранола мусли), при што истите имаат можност да се уверат дека производите не само што се здрави туку и вкусни.

Резултати

Креирањето на здравите навики кај децата и применатa на здравата исхрана како секојдневна практика е најважниот резултат на проектот. Aктивностa и на учениците во работилниците се доказ за нивната посветеност и ентузијазам навистина да променат нешто во своите навики, како и да стекнат нови и подобри навики. Наставниците се задоволни од предавањата на стручниот тим на Виталиа, кои пренесуваат препораки до своите колеги и придонесуваат за постојаното ширење на мрежата на посетени основни училишта и градинки во кои Виталиа ќе продолжи со едукативна пракса.