• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Za Vitalia

За Виталиа

Секојдневните обврски ни наметнуваат се побрз живот, исполнет со активности, каде забораваме на нашето здравје и на нашата исхрана. Тоа се одразува негативно на нашиот организам и порано или подоцна ќе започнеме да ги чувствуваме последиците од овој начин на живот. 

Само на момент да застанеме и да се запрашаме каква храна внесуваме во организмот, одговорот кој ќе го добиеме ќе биде поразителен. Денешната брза храна изобилува со конзерванси и заситени масти, и бројот на лица заболени со кардиоваскуларни болести расте постојано.

Виталиа е компанија која се грижи за вашата исхрана, а истовремено и на вашето здравје. Нашата мисија е внесување на здравата храна во вашата секојдневна исхрана, произведувајќи и дистрибуирајќи различни видови на производи од доменот на здравата исхрана- мисија на која сме посветени од почетокот на нашата приказна, во 1993 година. Користејќи најсовремени технологии  кои досега не биле присутни во нашата прехранбена индустрија, низ годините оваа фирма го бележи својот брз и динамичен развој, за денес да стане водечка фирма во регионот во овој домен, и да стане синоним за здрава исхрана со највисок квалитет  по најпристапна цена. 

Кои сме

ВИТАЛИА Никола е фирма чија дејност е производство и трговија на производи  од доменот на здравата храна. Нашата основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена.ВИТАЛИА е основана во 1993 година од кога бележи брз и динамичен развој. Благодарение на високата професионалност и иновативност денес ВИТАЛИА е водечка фирма на Балканот и Источна Европа од доменот на здравата храна.

Што нудиме

Во својата палета ВИТАЛИА нуди широк спектар на здрави производи со висок квалитет и тоа: диететски и дијабетски производи,  житни снегулки и мусли, вегетабилни млека, соини производи, жита,семиња и брашна, природни засладувачи, ладно цедени масла, чаеви, сушени овошја, функционални диет напитоци, прехрамбени суплементи и органски производи.

Со флексибилната производствена програма, краткиот рок на испорака, сопствениот возен парк и специјализираните кадри, на нашите клиенти им нудиме квалитетен и високостручен сервис. ВИТАЛИА располага со сопствен деловен објект (2000м2) во Скопје, со современ магацински и канцелариски простор, како и дисконтен центар во центарот на градот.

Наша визија

ВИТАЛИА вложува голема енергија и средства во промоција на здравата храна и едукација на своите клиенти за здравиот начин на исхрана. За таа цел издадовме информативни летоци и брошури за здравата храна, организиравме настапи во медиумите како и промоции и дегустации со кои се приближивме до крајните консументи кои се наша основна мотивирачка сила.

ВИТАЛИА вложува константни напори за подобрување и проширување на производствената програма, при што квалитетот, вкусот, сигурноста и иновативноста се нашите најважни предуслови.Тоа всушност е визијата и мисијата на ВИТАЛИА.

Нашиот тим

Нашиот тим се состои од 150 високо мотивирани и посветени лица, чие професионално  искуство и знаење помагаат во реализација на поставената визија на ВИТАЛИА.

Искусниот тим составен од технолози, нутриционисти, доктори и фармацевти континуирано ги следи светските трендови во нутрционизмот и здравата исхрана креирајќи иновативни производи за сечиј вкус.

Контрола на квалитет

Како дел од нашата заложба за одржување на врвен квалитет, ги имплементиравме HACCP, ISO 9001:2008, SA 8001:2008, KOSHER, HALAL Vegetarian, ORGANIC BIO Cert за производство на безбедна храна под строго контролирани услови.

Кои се нашите предности

  • Богата палета на природна, вкусна и здрава храна со врвен квалитет и прифатливи цени;
  • Комплетен индивидуален сервис за секој наш клиент;
  • Брзо прилагодување кон пазарните трендови и барања на  потрошувачите;
  • Флексибилно производство и дистрибуција;
  • Иновативност
  • Виталиа дисконтен центар

Виталиа продажни центри

Ако сакате подобро да се запознаете со принципите на здравата исхрана и карактеристиките на природните лековити средства, повелете во  дисконтниот центар на ВИТАЛИА. Нашите специјализирани кадри од областа на здравата исхрана ќе Ви посветат целосно внимание и ќе Ви помогнат да ги одберете продуктите со кои ќе го направите вистинскиот чекор кон добро здравје.

Health food store 1:
Ул.516 бр.10, Скопје
Тел.: (02) 32 17 177

Health food store 2:
50 Дивизија бр.16, Скопје
Тел. (02) 31 13 007

Health food store 3:
Ул.Љубљанска, Скопје
Сити Мол

Health food store 4:
Бул. Партизански одреди бр 64 б
Трговски центар Лептокарија, Скопје
Тел: (02) 30 88 185

ВИТАЛИА Комерција, Производство & Магацин
Ул.516 бр.10. 1000 Скопје
Тел.: (02) 32 17 177, Факс: (02) 32 17 176
e-mail: contact@vitalia.com.mk