Новости

Виталиа најголем донатор на храна во Македонија! “Сите граѓани заслужуваат здраво да се хранат”

Да се помогне на социјално загрозените категории на граѓани, е хуман чин, но истовремено и обврска за секој општествено одговорен деловен субјект. Македонската компанија за здрава храна Виталиа, веќе 25 години, од самото свое основање го прифати тој предизвик, и не е случајно што денес е и најголемиот донатор на проектот „Сите Сити”, преку чија мрежа има донирано над 15тони квалитетна здрава храна со што овозможи да ја вкусат и да ги уживаат нејзините бенефити и оние кои немаат можност за тоа, најранливата категорија граѓани на нашето општество. Некои од организациите кои имале можност да добијат здрава храна се: Црвен Крст, Легис, Љубезност, Св.Спас, Доверба, АДРА, Одигитрија Виница, Утешител Битола, Здружение на пензионери Бутел, ХОПС Скопје, Ластовица…

Покрај редовните предавања на учениците во основните и средните училишта низ Македонија, нутриционистичкиот тим на Виталиа континуирано одржува едукативни работилници во организации кои ги згрижуваат социјално најранливите категории, како што е СОС Детско Село и Црвен Крст. Целта на предавањата е принципите за здрава исхрана и здрави прехранбени навики да станат дел од животот на овие лица, кои најчесто имаат и ограничен пристап до информации.

За општествено-одговорната мисија на Виталиа, свое излагање имаше Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа пред присутните на Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна во земјава” организирана од Ајде Македонија и мрежата “Сите Сити“, кои се грижат да се обезбеди храна за секој поединец и да се намали нерационалното искористување на ресурсите. Во таа прилика таа дополнително изјави:

„Се надеваме дека со овој наш чекор ќе иницираме позитивна промена и ќе ги поттикнеме и останатите компании да се вклучат во овој извонреден проект потврдувајќи дека Македонија е држава на хумани граѓани кои ги препознаваат вистинските вредности. Но не застануваме тука! Иницијативата за донација ќе ја пренесеме и на нашите соработници во 55те земји ширум светот каде се извезува брендот Виталиа, отварајќи можност за ширење на проектот Сите Сити во светски рамки“.