Витаминска салата со авокадо дресинг
30
Јун
Состојки( за 2 порции):
За дресингот:
½ авокадо
2 лажици сусамово масло – Vitalia
1 лажичка зеленчуков зачин Vitalia Vita Spice
За салатата:
марула
црвена зелка
зелена зелка
домати
моркови
зелена пиперка
црвена пиперка
млад кромид
ротквица
варена пченка
1 лажичка ленено семе – Vitalia
околу 30 g суво грозје – Vitalia
Начин на подготовка:
За подготовка на дресингот состојките ги ставаме во блендер и мешаме дури не добиеме убава хомогена смеса.
Зеленчукот го сечкаме на посакувани парченца и го мешаме заедно во длабок сад. На крај го додаваме ленено семе, сувото грозје и одозгора го ставаме претходно подготвениот дресинг.