Рецепти

Здрав кранчи-чоколаден сладолед

Протеини - 3.55g
Вкупно масти - 16.25g
Јагленихидрати - 20.88g
Калории - 228.25 Kcal

Состојки (за 4 порции):

1 авокадо
1 банана
2 лажички малтекс – Vitalia
2 лажици кокосово масло – Vitalia
1 лажица какао
2 лажици кршени лешници
2 лажици мелен гранола – Vitalia
100 ml вода.

Начин на подготовка:

Авокадото, бананата, малтексот, кокосовото масло, какаото и водата ставете ги во блендер и убаво измешајте. Кога ќе добиете убава хомогена смеса додадете ги во смесата кршените лешници и мелената гранола. Со лажица убаво измешајте и ставете го сладоледот во соодветен сад за замрзнување. Оставете во замрзнувач околу 1-2 часа.