Новости

Сакаш да имаш контрола врз своето здравје? – Биди Junk Free, Guilt Free!

Брзо темпо на живот значи и донесување брзи одлуки за исхрана во текот на денот. Иако изборот на здрава храна е оној логичниот, неретко знаеме да посегнеме по нешто junk, вештачко и висококалорично. Но, благодарение на зголемениот пристап до информации на интернет, се повеќе стануваме свесни дека дека здравата храна во која се задржани оригиналните хранливи материи е нешто повеќе од обичен тренд. Здравата храна е потреба!

Пронаоѓањето на идеалната здрава ужина која ги исполнува сите критериуми веќе не е предизвик благодарение на Vitalia Super Raw bars, кои се формулирани со иновативна технологија, 100% природни, над 80% овошје, без глутен, без додаден шеќер.

Со својата едукативна кампања Junk free, guilt free во чиј фокус се Super Raw Bars, Виталиа започнува движење со моќна порака: Да инспирира нутритивна транзиција кон здрава, «clean label» ужина истовремено едуцирајќи го потрошувачот дека тој ја има контролата врз сопственото здравје.

Зошто Vitalia Super Raw Bars?

Во склоп на кампањата се промовирани три здрави и природни производи и тоа: Виталиа Super Raw Bar со урма, орев и јагодa, Super Raw Bar со чиа, бадем какао и урма
и Super Raw Bar со урма, смоква, индиски орев и амарант.

Фактот дека се со 100% природни состојки, минимално процесирани (RAW – сирови) овозможува задржување на сите хранливи материи, ензими и биоактивни компоненти. Содржат над 80% суво овошје ( урма, јагода, смоква), јаткасти плодови ( орев, бадем, индиски орев), но застапена е и супер храната како чиа семе, амарант и какао кои се исклучително нутритивно богати состојки. Придобивките од консумација на сирова храна се многубројни: зголемена бавно ослободувачка енергија, одржување на телесната маса, регулација на холестерол, крвен притисок, глукоза во крвта… Совршено надополнување на исхраната на една здрава индивидуа.

За кого се наменети?

Самиот состав и конзистенција на трите барови ги прави погодни за сите популациони и возрасни групи, вклопувајќи се во секој здрав режим на исхрана. Едукативната кампања го задржува фокусот на младите лица – студенти, родители, професионалци, бидејќи тие се движечката сила за идните трендови и пример за идните генерации. Имаат висока индивидуална слобода, мобилни се и дигитално присутни и поседуваат трансформативен капацитет за инспирирање, поддршка и глобализирање на промени на исхраната.

“Идејата за лансирање на ваков тип на производ се роди минатата година, инспирирана од трендот за консумација на сирова храна. Горди сме на креирањето на производ со супериорна нутритивна вредност и уникатен вкус. Едукативната кампања „ Junk free, guilt free” е инвестиција во здравјето на идните генерации, подигање на свесноста кај популацијата за важноста на здравата исхрана и комплетна промена на перцепцијата за здрава ужина“ – изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, генерален менаџер на Виталиа.

Затоа одберете здрава Junk Free, Guilt Free ужина и уживајте во денот!