Овој Raw bar претставува вкусен микс од уникатни 100% сирови состојки, со минимално процесирање, при што сите нивни нутритиенти ја задржуваат нивната оригинална нутритивна вредност.
Урмата е уникатна овошка, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, калиум, магнезиум и фолна киселина. Урмата исто така содржи витамин Б6, кој придонесува кон нормална функција на нервниот систем и лачењето на серотонин.
Бадемот е одличен извор на протеини, омега-3 масни киселини и е еден од најдобрите извори за витаминот Е, кој помага во борбата со слободните радикали и ги штити клетките од оксидативен стрес.
Смоквата со својот сладок вкус и богат нутритивен состав, содржи големо количество на растителни влакна, калиум, калциум, фосфор.
Пробајте ги Raw bars за секојдневно здраво и вкусно уживање во секој момент од денот. Останете енергични и подготвени за сите предизвици со овој високонутритивен оброк!
- ВЕГАН
- Без глутен
- Без додаден шеќер, содржи само природно присутни шеќери.
- Без грижа на совест
- Без размислување