Виталиа Здрава Храна успешно ги има имплементирано следните стандарди:
SMETA, RSPO KOSHER, HALAL и ORGANIC BIO Cert се сертификати кои претставуваат уште еден доказ за посветеноста на компанијата за градење на доверба кај своите клиенти.
Квалитетот е од суштинско значење кога станува збор за компанија која произведува здрава храна. На секој од нашите внимателно избрани клиенти им даваме строга и детална спецификација за квалитетот на секоја состојка, вклучувајќи ја големината, текстурата, бојата, содржината на влага, микробиолошката анализа, типот на пакување и барањата за транспорт.
Штом суровината стигне во нашата фабрика, гаранцијата за квалитет продолжува со испитување на примероци од секоја испорака според нивната спецификација. Тестот за квалитет на состојките се изведува во текот на преработката и, особено, пред мешањето, каде што состојките се темелно и целосно проверени.
Во текот на обработката, резултатите од инспекцијата се евидентираат и анализираат со цел да се утврди дали спецификациите на состојките на клиентот се одржуваат.
Во одредени периоди го прилагодуваме рецептот на нашите производи; и затоа препорачуваме секогаш да ја проверувате листата на состојки, нутритивната табела и нутритивната декларација на сите наши производи пред да ги купите за да ги утврдите информациите за производот.