Следи ја формулата БЕЗ ШЕЌЕР со многу страст…
Резултатот се вика ГРАНОЛА МУСЛИ, новиот бестселер на полиците на Виталиа. Го следиме трендот и препораките на професионалците, прашуваме за желбите, го почитуваме изборот и ЗАЕДНО градиме здрава иднина. Прашај, прочитај или погледни, а потоа кажи им на сите дека и ТИ слаткото повеќе не го поврзуваш со шеќер. Виталиа во чекор го следи растот на здрави генерации, креирајќи можности за избор на секој поединец или група. Понудата е богатство, изборот е личен.
САКАМ ГРАНОЛА МУСЛИ – затоа што ги чувствувам овошните вкусови на малината, капината или свежината на јогуртот. Може и со вкус на кокос, бадем или бело чоколадо.
БИРАМ ГРАНОЛА МУСЛИ….затоа што секој ПОЈАДОК и ВЕЧЕРА ми се важни. Здрав оброк БЕЗ ДОДАДЕН ШЕЌЕР со јогурт или млеко, …потоа можам да спортувам, учам, да се дружам со пријателите или да бидам креативен со моето хоби.
Гранола мусли БЕЗ ДОДАДЕН ШЕЌЕР – за прв пат на македонскиот пазар, единствено достапен во продавниците на Виталиа, он лајн и на полиците за здрава храна во маркетите. Секоја препорака се поврзува со производ погоден за лакто – вегетаријанците, богат со растителни влакна, 65% овесни снегулки и киноа. Виталија ја продолжува мисијата за нутритивна транзиција кон добрите навики , „Редукција на шеќер за продукција на здравје„.
Денот е полн со изненадувања, предизвиците може да бидат мотив, секогаш бидете подготвени, ви треба концентрација, енергија и креативност.
Запомнете, без шеќер!