Новости

Нова иновација од Виталиа – Протеинска гранола без додаден шеќер!

Виталиа, лидерот во производство на здрава храна за Македонија и регионот,  ја проширува својата Протеинска линија со нов, иновативен производ – Веган Протеинска гранола, без додаден шеќер, достапна во два извонредни вкусови: кокос и бадем и комбинација на темно чоколадо со шумско овошје.

Секој од вкусовите е формулиран со користење на врвни растителни протеини – соја и грашок, содржи високо количество на растителни влакна, и е без додадени шеќери.

Нашата нова Протеинска гранола е резултат на длабоко истражување за нутритивните трендови и навиките на модерниот потрошувач“. „Со користење на грашок и соја како наши примарни извори на протеини, создадовме гранола која поддржува здрав, активен животен стил без компромис на вкусот“.

изјавија од развојниот тим на Виталиа.

Лансирањето на протеинската гранола е дизајнирано да привлече широк спектар на потрошувачи, од фитнес ентузијасти до оние кои бараат појадок или ужина богат со протеини, а воедно е наменета и за лица на вегански режим на исхрана, лица кои внимаваат на внесот на шеќери и оние кои сакаат да ја регулираат телесната тежина.

Со 30 годишна експертиза и посветеност кон работата, Виталиа останува неприкосновен лидер на иновација и квалитет во категоријата на здрава храна континуирано проширувајќи ја својата палета со иновативни, здрави производи со врвен квалитет.