На 5тата Контролинг Конференција, организирана од Контролинг Бизнис Центар, која се одржа во Хилтон, Скопје, Виталиа го претстави својот пат кон деловна трансформација преку контролинг системот – алатка што го редефинира начинот на водење бизнис и поставува нови стандарди во управувањето со ресурси, финансии и процеси.

Овој стратегиски проект, кој активно се имплементира веќе две години, претставува фундаментален чекор во унапредување на ефикасноста, транспарентноста и резултатите во работењето. Контролингот не е само техничка алатка – туку суштинска промена во културата на работење.

Виолета Јосифовска, менаџер за Контролинг во Виталиа, имаше чест да го презентира искуството на Виталиа пред стручната јавност, преку реални податоци и примери од производството и финансиското управување, претставувајќи ја компанијата како пример за успешно работење.
Контролингот е еден од највлијателните процеси во нашето стратешко унапредување. Тоа не е еднократна активност, туку континуиран процес кој нè учи како преку податоци и анализа да донесуваме подобри одлуки.“
„Горди сме што нашата приказна беше препознаена како пример за тоа како модерната прехранбена индустрија може да расте преку знаење, технологија и посветеност.“ – изјавија од Менаџментот на Компанијата.
Контролингот овозможува прецизно буџетирање, анализа на трошоци, следење на индикатори за успех и долгорочно стратешко планирање. Тој е мостот што ги поврзува операциите со визијата на компанијата.

Контролинг Бизнис Центарот е најрелевантната институција во земјава посветена на развој на контролинг култура и едукација на кадарот во оваа област. Преку организирање на годишни конференции, обуки и консултации, Центарот има клучна улога во подигање на свеста за значењето на контролингот во македонскиот бизнис-контекст.
Контролинг Конференцијата е водечка платформа за размена на искуства, идеи и иновации, каде што се претставуваат најдобрите практики од компаниите што го движат економскиот напредок.

Како дел од својата поширока трансформација, Виталиа продолжува активно да инвестира во дигитализација, едукација на тимот и имплементација на најдобрите светски практики во управувањето.
Со оваа иницијатива, Виталиа уште еднаш докажува дека не само што чекори со времето – туку и го поставува темпото во прехранбената индустрија.