Муслите Овошје се мешавина од сушено овошје и содржи 70% житни снегулки и 30% овошје (суво грозје, јаболко, банана, смоква, урма, слива). Одбраните сушени овошја во комбинирација со житните снегулки (овесни, пченкарни, ржани, пченични) претставуваат енергетски богата, и хранливо здрава основа за почеток на секој нов ден.
Овошните мусли се овошен здрав појадок за целото семејство. Имаат висока содржина на влакна и не содржат додатни шеќери.
- Сувото грозје изобилува со растителни влакна, калциум и железо, а може до го замени и шеќерот во исхраната.
- Јаболкото содржи Витамин А, Б ,Ц, железо, калиум, калциум, протеини, сулфур.
- Бананата содржи Б6, магнезиум, железо, калиум, Ц витамин и Б витамин.
- Урмите содржат калциум и фосфор
- Смоквата содржи витамин Ц, калиум, калциум, бета каротен (провитамин А) и витамин Б.
- Сливата содржи Витамин Ц, Витамин Б6, Витамин Е и Бета каротен.
Создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки и овошје) кои потопени со млеко ќе Ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.