Што е МАЏУН?
Едно од основните правила на здравата исхрана е замена на белиот шеќер со природен засладувач како што е медот, јачменовиот слад или кафеавиот нерафиниран шеќер. Но денес ќе ве запознаеме со уште еден извонреден природен засладувач од палетата на Виталиа. Станува збор за МАЏУНОТ природен засладувач од грозје подготвен според традиционален македонски рецепт.
Маџунот е специјалитет добро познат на нашите предци како по својот оригинален вкус и арома така и по благотворното дејство врз човековото здравје. Маџунот се добива со изварување на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје. За гроздовиот сок се вели дека е хранлив како и мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди. Поради тоа, маџунот представува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогне да го сочувате и подобрите здравјето.
Маџунот можете веднаш да го воведете во секојдневната исхрана и тоа пред се за засладување на напитоците, чајот, житните каши, муслите или пак како прелив на десерти. Научете ги своите најблиски на здрави прехранбени навики заменувајќи го белиот шеќер со Маџун. Со тоа, ќе го подобрите вкусот на вашата храна и ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на вашето здравје