Виталиа Стевиа е единствената природна алтернатива за белиот шеќер без вештачки засладувачи и низок гликемиски индекс. Тоа го прави овој производ идеален за диетална исхрана.
Засладете ги вашите напитоци и десерти со Виталиа Стевиа и уживајте во омилените слатки вкусови, но отсега со многу помалку калории.
Знаете ли зошто Стевиата е слатка?
Тајната на слаткиот вкус на стевиата се крие во сложената молекула наречена стевиол гликозид, која е составена од гликоза, софороза и стевиола. Токму оваа сложена молекула e причина за необичната сладост на стевиата. Растението стевиа во природна форма е околу 10-15 пати послатко од белиот шеќер. А екстрактот од стевиа е од 100 до 200 пати посладок од белиот шеќер.
1 кафена лажичка Виталиа Стевиа = 2 кафени лажички бел шеќер
Виталиа Стевиа е единствената природна алтернатива за белиот шеќер и останати вештачки засладувачи. Едноставно, со засладување на чајот, кафето и свежо цедените сокови, со Виталиа Стевиа драстично ќе го намалите внесот на калории. Воведете ја во секојдневната исхрана и уживајте во вашите омилени компоти, десерти и колачи, но со многу помалку калории.