Едукативно, Исхрана

Брзо, здраво и ефикасно слабеење – како да стартувате со КЕТО режим на исхрана?

За оние кои би сакале да пробаат кето режим на исхрана и не знаат од каде да започнат, ги одговоривме најчесто прашуваните прашања за КЕТО исхраната и креиравме едноставен план на кето оброци за да ви помогнеме да ја започнете првата недела.

Што точно е кетогена диета?

Кетогената (КЕТО) диета се базира на метаболички процес наречен „кетоза“, што се случува кога вашето тело нема доволно гликоза за енергија, па затоа ги согорува маснотиите.
За време на кетозата, хемиските молекули наречени „кетони“ се произведуваат во црниот дроб кога согоруваат маснотии, и тие се испраќаат во крвотокот за да се користат како гориво за мозокот, мускулите и ткивата. Кето диетата се базира на намален внес на јаглехидрати за да го поттикне телото да согорува маснотии.

Идеален сооднос на макронутриенти за стандардна кето диета

Кето-диетата е нискојаглехидратна исхрана, со умерен внес на протеини и високо ниво на масти, што обично е распределена на следните дневни проценти:60 до 75% калории од масти15 до 30% калории од протеини5 до 10% калории од јаглехидрати

Како Виталиа КЕТО линијата се вклопува во кетогената диета?


Појадок: Кето гранола какао и кокос – 14.8g
Ужина: Кето пралине – 6.1g
Ручек: Кето крцкав мусли со јаткасто овошје и семиња – 11g
Ужина:Кето крекери со семиња – 9.4g
Вечера:Кето гранола со јаткасто овошје и цимет – 9.3g

Вкупно јаглехидрати: 50g

Доколку се одземат полиолите и шеќерите, Виталиа КЕТО линијата ги има следните вредности на нето јаглехидрати по порција:

Појадок: Кето гранола какао и кокос – 5.7g
Ужина: Кето пралине – 5.7g
Ручек: Кето крцкав мусли со јаткасто овошје и семиња – 5.1g
Ужина:Кето крекери со семиња – 9.4g
Вечера:Кето гранола со јаткасто овошје и цимет – 5.8g

Односно, според горенаведениот распоред на оброци дневен внес на нето јаглехидрати би бил 30g согласно препораките.

Останати типови на КЕТО ДИЕТИ:
Циклична кетогена диета : Оваа диета вклучува периоди на консумација на повисоко количество на јаглехидрати, односно 5 кетогени денови проследени со 2 дена со високи јаглехидрати
Насочена кетогена диета : Оваа диета ви овозможува да консумирате јаглехидрати деновите кога имате зголемена физичка активност и интензивни тренинзи.
Кетогена диета со висока содржина на протеини: Оваа диета е слична на стандардната кето диета, но вклучува повеќе протеини. Односот на макронутриентите е 60% маснотии, 35% протеини и 5% јаглехидрати.

Колку време е потребно за да започнете да губите телесна тежина со KETO?
Првата недела главно е загуба на вода. Но, колку повеќе телесна тежина мора да изгубите, толку побрзо ќе ги изгубите килограмите.

Како да го следите внесот на јаглехидрати?

Најдобар начин за следење на внесот на јаглехидрати е внимателно читање на нутритивните табелипри купување на готов производ како и внесување на дневните оброци преку мобилна апликација како MyFitnessPal. Не можете да ги следите нето-јаглехидратите на апликацијата, но можете да го следите вашиот вкупен внес на јаглехидрати и вкупниот внес на шеќери. За да ги добиете нето-јаглехидратите, само одземете го вкупниот внес на шеќери.