Преваленца на дијабетес тип 2, односно што претставува дијабетесот?
Прекумерниот внес на шеќери може да предизвика низа здравствени проблеми, една од кои е и дијабетесот – болест од која боледуваат повеќе од 10.5% од луѓето во светот. Проблемите кои можат да настанат по дијагностицирањето на дијабетес влијаат на животниот стил, на здравјето, па и на нивото на енергија, задоволство и среќа.
Дијабетесот тип 2 е најчестиот облик на дијабет кој се утврдува откако клетките ќе престанат да реагираат на инсулинот, односно инсулинот веќе не претставува сигнал за клетките да примаат глукоза. Всушност, имаме т.н. инсулинска резистентност која е резултат на насобраното количество на маснотии во клетките што е причина за попречување на функционирањето на механизмот за внес на глукозата во самата клетка.
Како да го намалите ризикот од дијабетес тип 2?
- Имајте балансирана и здрава исхрана. Намалете ја количината на масти во вашата исхрана, особено заситените и транс мастите. Јадете повеќе овошје, зеленчук и храна богата со растителни влакна.
- Контролирајте ја Вашата тежина. Вишокот на телесни масти, особено ако се акумулирани околу абдоменот, можат да ја зголемат отпорноста на организмот кон хормонот инсулин.
- Ограничете ја готовата и преработена храна. „Convenience meals“ вообичаено содржат сол, маснотии и калории. Најдобро е да се готви за себе користејќи свежи состојки секогаш кога е можно.
- Вежбајте редовно. Умерената физичка активност помага во управувањето со тежината, во намалувањето на нивото на глукоза во крвта, а исто така може да го подобри крвниот притисок и холестеролот.
- Ограничете го внесот на алкохол. Премногу алкохол може да доведе до зголемување на телесната тежина и може да го зголеми Вашиот крвен притисок и нивото на триглицериди.
Редукција на шеќери за продукција на здравје
На полиците од вашиот маркет барајте производи без додадени шеќери, со природни состојки и низок гликемичен индекс. Виталиа, ви нуди изобилство на производи кои совршено се вклопуваат во вашиот режим на исхрана.
За појадок, изберете оброк богат со овесни снегулки и овошје. Идеален избор е гранола муслите без додаден шеќер на Виталиа, кои содржат над 65% целозрнести овесни снегулки и се богати со растителни влакна.
Доколку сте љубител на овесот, пробајте ги новите овесни каши без додаден шеќер достапни во два неодоливи вкусови – чоколадо и лешник ; и кокос и шумско овошје.
Тие се природен извор на растителни влакна, кои ги апсорбираат лошите масти, придонесуваат за пријатно долгорочно чувство на ситост, забрзан метаболизам и регулирање на шеќерот во крвта.
Доколку вашиот избор е посна храна или практикувате веганска исхрана, во кашите на Виталиа нема состојки од животинско потекло.
За целосно уживање без грижа на совест, новите овесни каши се без додаден шеќер и слаткиот вкус го добиваат од природни засладувачи (малтитол, стевиа) кои не влијаат на зголемувањето на глукозата во крвта или на внесот на калории.
Како овесот влијае врз глукозата во крвта?
Овесот е извонредна житарка, богата со бета-глукани, растителни влакна кои ја помагаат во контролирање на глукозата во крвта. Растителните влакна ја отежнуваат работата на ензимите кои ги разградуваат јаглехидратите, па побавно се создава глукозата.
Овесот богат е со и протеини, витамини (од групата Б, витамин К, Е, Д и провитаминот А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум, сулфур, јод, флуор и бор) и есенцијални амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца.
Засладувачи без калории
Доколку ги засладувате напитоците како кафе и чај, ви препорачуваме здрава замена на белиот шеќер – Виталиа Sweet Stevia – природен и здрав засладувач без калории и шеќери . Истовремено вкусна, но и здрава за вас, стевиата е 10-15 пати послатка од обичниот бел шеќер – што ја прави супериорен засладувач, кој го зајакнува вашето здравје.
Постои совршената ужина…
Сигурно постојат повеќе моменти во текот на денот кога чувствувате дека ви е потребно нешто слатко, ќе ви понуди инстант доза на енергија и ќе ве награди со добро расположение.
Тука повторно имате богата понуда од Виталиа, изберете вкусен гранола бар кој има 0g шеќери на порција или пак за скротување на вашата желба за благо, уживајте без грижа на совест со веган кремот со лешник и какао без додаден шеќер.
Ако е веќе слатко, нека биде здраво! Овошјето е соодветна опција, бидејќи нуди многу здравствени бенефити и одговора токму на овие барања. На пример, Јагодата е богата со витамин Ц и затоа се препорачува да се јаде свежа кога е во својата сезона. Во зимскиот период, кога нема свежи јагоди, може да биде заменета со Raw Bar на Виталиа, кој содржи повеќе од 80% овошје, комплетно сиров бар кој е одличен извор на протеини и растителни влакна, и ја надополнува енергијата без внес на додадени шеќери.
Со дисциплинирана исхрана и контрола над она што го јадете, ќе успеете да го намалите внесот на шеќер во организмот, а со тоа го намалувате и ризикот од дијабетес тип 2. Во месецот за подигање на свеста за шеќерот направете ги првите чекори кон водење поздрав живот преку исфрлање на вишокот шеќер од исхраната. Верувајте, телото ќе ви биде благодарно!