Едукативно, Исхрана, Новости

Како да го замените месото во исхраната?

ПОСНИ/ ВЕГАН СМЕСИ ОД ВИТАЛИА

Исфрлањето на месото од исхраната стана голем глобален тренд и на него секојдневно се приклучуваат повеќе луѓе кои сакаат да јадат полесна храна за да имаат полесно варење, сакаат да го намалат својот „јаглероден отпечаток“ преку јадење помалку месо, да ја намалат тежината или пак едноставно сакаат да ги намалат трошоците. Каква и да е причината, едно е сигурно – алтернативите на месо се тука за да останат.

Ако веќе решивте да ги исфрлите месните производи од исхраната, тогаш половина од работата ви е веќе завршена. Решителноста и волјата се најважните фактори за успешно да се откажете од месото.

Доволно протеин во исхраната

Но, месото содржи својства кои му се потребни на телото за да остане здраво. Еден од нив е протеинот, кој едноставно ќе мора да најдете начин да го замените за организмот да продолжи да функционира правилно. Постоењето на растителни протеини сигурно го прави тоа полесно, па дури и поздраво. Тоа се должи на фактот што растенијата имаат многу подобар сооднос на нутриенти и калории отколку месото, а содржат и растителни влакна – кои ги нема во месото, а се исклучително корисни за доброто варење и за одржувањето на здрава цревна микрофлора. Брокулата и леќата содржат големи количини на растителен протеин, а истото важи и за овесот и овесните снегулки. Дополнително, протеинот содржан во чиа семе, тофу или киноата докажува дека и малите додатоци во исхраната можат да направат голема разлика!

Адаптирајте ги омилените рецепти

Еден трик за полесно да ги промените прехранбените навики е да најдете начин да продолжите да ги јадете вкусовите што ги сакате, адаптирани на новата исхрана. Па така, доколку целта да е го исфрлите месото од исхраната, обидете се да ги искористите гореспоменатите состојки како замена во вашиот следен рецепт. Печурките се добро позната алтернатива за месо во нашите краишта, а Азијците користат тофу наместо месо во бројни рецепти, па зошто да не почнете и вие?

А за оние кои не можат да се откажат од вкусот, мирисот и текстурата на месо, ги препорачуваме препорачуваме Посните вегански смеси на Виталиа, кои претставуваат автентична, а сепак поздрава алтернатива.

Овие смеси претставуваат комбинација на високо количество на растителни влакна, содржат ниско количество на заситени масти, а истовремено нивниот рецепт содржи највисок процент на протеини во споредба со конкуренцијата.

Посните вегански смеси на Виталиа доаѓаат во пакувања од 180г кои се доволни за четири порции, односно од нив се прави 400г вкусна смеса која може да ја искористите на начин кој вие сакате.

А најдобрата работа?

Тие доаѓаат во три вкуса: комбинација од зеленчук и семиња, пилешко месо и се разбира, телешко месо, кој ќе ви помогне да направите здрав веге-бургер со идеална текстура и автентичен вкус.

За да ви помогнеме во адаптација на рецептите, заедно со @Dave’s Kitchen подготвивме 3 вкусни и посни оброци.

Трендовите во прехранбената индустрија покажуваат дека модерниот потрошувач станува посвесен за неговите избори и како тие влијаат на здравјето, добросостојбата, расположението и имунитетот, па дури и на животната средина. И како што веќе се уверивте – постојат безброј опции за успешно да го замените месото во вашата секојдневна исхрана, само треба да се охрабрите и да ги пробате. Со силна волја и малку инвентивност, веќе од утре можете да живеете нов живот, без ниту грам месо!