ГЛАВНИ КАНЦЕЛАРИИ

ВИТАЛИА ЗДРАВА ХРАНА

Улица 516, број. 10

Скопје, Македонија

contact@vitalia.com.mk

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Каде можам да ги најдам вашите производи?

Производите на Виталиа се достапни во нашите продавници, чии локации можете да ги видите на Google Maps, или на линковите подолу:

Виталиа Централа - Ќерамидница, Гази Баба

или

Виталиа Продавница За Здрава Храна - Клинички Центар 

Целиот наш асортиман на производи е достапен на нашата онлајн продавница.

Исто така, можете да ги најдете нашите производи во сите главни маркети во Република Македонија.

За колку време ќе стигне мојата нарачка?

3-7 работни дена.

Ние ја користиме услугата на Еко Логистик за достава на нашите пратки, но самата нарачка е припремена и спакувана од тимот на Виталиа за да обезбедиме беспрекорно и квалитетно потрошувачко искуство. 

Доколку сакате вашата нарачка да пристигне во термин кој вам ви одговара, а е надвор од стандардниот период на достава, контактирајте не преку контакт формуларот или на contact@vitalia.com.mk

Дали можам да вратам производ?

Откако ќе ја добиете пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот +389 2 3217 177 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@vitalia.com.mk, или преку пополнување на формуларот десно, и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот.

Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.

Како да го изберам правиот производ за мене?

Доколку не сте сигурни дали конкретниот производ е погоден за вас, нашиот тим од нутриционисти Ви стои на располагање за да ви помогне во разјаснување на било какво прашање поврзано со здрава исхрана и одржување на Вашето здравје.

Слободно контактирајте не во било кое време на nutriclub@vitalia.com.mk 

До каде вршите достава?

Виталиа моментално врши достава на артикли само на територијата на Република Македонија. 

Вашата порачка ќе биде доставена до адресата која ќе ја наведете како адреса за испорака.

Времето на испорака е во период од 3-4 работни дена, освен во случај на викенд или државни неработни денови.

За достава на Вашата пратка ги користиме услугите на Eko Logistic Courier, и истата ќе биде доставена до адресата која ќе ја наведете за испорака, секој ден (освен недела или државни неработни денови) во период од 08.00 – 17.30 часот.

За повеќе информации или за проблеми при испораката ве молиме да не контактирате на 02/3217-177, преку контакт формуларот или на contact@vitalia.com.mk.

НЕШТО КОНКРЕТНО ВЕ ИНТЕРЕСИРА?

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

    Кошничка
    Најава

    Немате профил сеуште?

    Facebook Instagram YouTube
    Нашата веб страна користи колачиња за да го подобриме корисничкото искуство, и за да стигнете до тоа што го барате во најскоро можно време. Со користење и пребарување на нашата страница вие се согласувате со нашата политика за колачиња и приватност.
    Продавница
    0 производи Кошничка
    Мој Профил