Едукативно

НАМИРНИЦА КОЈА ГО ШТИТИ И НЕГУВА ВАШЕТО ТЕЛО. БЛАГОДЕТИТЕ НА ОРГАНСКОТО КОКОСОВО МАСЛО

Мастите се неопходни во секојдневната исхрана. Но важно е да се направи вистинскиот избор. Огранското кокосово масло Виталиа е природен продукт кој ќе му даде здравје на вашето тело и одвнатре и однадвор.

Започнувајќи од нега на кожа, коса, баланс на телесна маса, подобрена дигестија и забрзан метаболизам ќе ги дополниме најдобрите бенефити кои се добиваат користејќи го ова масло во секојдневниот живот. Овој илјадолетен производ е моќно средство за унуштување на сите видови микроорганизми, вируси, бактерии, кои задаават голем број повреди врз човековиот организмот. Својата моќ ја црпи од средноланчаните масни киселини (каприлична, лаурична и капрична киселина) кои се карактеризираат со лесна апсорпција во организмот. Различни и специфични се по тоа што целосно се претвораат во енергија потребна за телото без притоа да се таложат како масни наслаги.

Осум причини зошто треба да одберете кокосово масло Виталиа:

1. За здраво срце: За разлика од останатите заситени масти како путерот, кремовите, месото и јајцата, кокосовото масло изобилува со масти кои го подобруваат нивото на добар холестерол со што се одржува нормална циркулација во крвните садови.

2. За подобрена концентрација и меморија: Кокосовото масло Виталиа создава кетонски тела кои го исхрануваат мозокот во моментите на зголемена работа и функција. Токму поради овој факт потребно е да се вклучи како природен суплемент во секојдневното мени.

3. За борба против бактериите, вирусите и фунгите: Лауричната киселина во кокосовото масло при внес во човековиот организам се претвора во монолаурин- елемент кој телото го користи за уништување на бактериите, вирусите и фунгите.

4. За подобра дигестија и перисталтика: При внес во исхрана, ова масло помага за апсорпција на сите витамини кои се раствораат во масти (К, А, Д, Е) со што ја олеснува дигестијата и ја зголемува исхраната на клетките во организмот.

5. За подобар имунитет: Со самото тоа што нè заштитува од бактерии и вируси, на природен начин го подобрува имунитетот, превенира внес на антибиотици и останати лекови кои имаат моментално дејство и штетни последици.

6. За здрави заби: Калциумот е најважната компонента за здрави заби. Знаејќи го фактот дека кокосовото масло ја олеснува апсорпцијата на овој минерал може да кажеме дека вклучувајќи го во секојдневната исхрана добиваме здрави заби и заштита од предвремено опаѓање на забите.

7. За здрава кожа: Природно органско масло Виталиа кое во својот состав не содржи парабени, сапуни и ароми. Неговата моќ за навлажнување е благопријатна и се употребува како лосион после сончање за брзо и лесно регенерирање на кожата.

8. За негувани усни: Нанесувајќи го кокосовото масло на усните и оштетените делови се создава обвивка која не пропушта воздух а со тоа се спречува и размножувањето на габичните и вирусните инфекции кои ги напаѓаат усните.

Здравствените бенефити од употребата на кокосовото масло се многубројни! Кокосовото масло е едно од најздравите масла кои се употребува во исхраната, но и во козметичките производи на пазарот.

Органско кокосово масло Виталиа – најдоброто за вас!