Грижа на совест по јадењето, кога гладта ќе ја надвладее самоконтролата е чувство со кое многумина секојдневно се соочуваме. Колку пати сте се казнувале и прекорувале откако ќе изедете нешто што совеста го етикетира како „лошо” или „junk”? Тој внатрешен глас што ве прекорува и ви предизвикува грижа на совест, е вашиот пријател кој се обидува да ви помогне да не ја повторите грешката. Но сепак, чувството на вина и грижа на совест може да биде и контрапродуктивно.
За да се ослободите од чувството на губење контрола или вина, вашиот мозок стимулира самоуништувачко однесување. И додека е идеално секогаш да имате контрола над тоа што го јадете, екстремната вина или грижа на совест можат да доведат до некои алармантни состојби (нарушувања во исхраната) кои најчесто имаат фатален исход по човековото здравје. Нарушувањата, дополнително ја искривуваат сликата која ја имате за себеси, па чувството на вина лесно резултира со самоодрекување, срам и безнадежност. Нарушувањата во исхраната се карактеризираат со неправилни навики во исхраната, со искривена слика за поединецот и со неприродна преокупираност со телесната тежина. Тие вклучуваат консумација на несоодветна или прекумерна количина на храна која на крајот може да ја оштети благосостојбата на поединецот.
Затоа, практикување на правилен избор во исхраната е прв чекор во отстранување на вината. Постои начин да се јаде без каење и целиот ментален простор што некогаш бил окупиран со вина, може да биде ослободен за продуктивни мисли. Решението е фокус кон балансирана и здрава исхрана, која може да биде вкусна и комплетно задоволива. Наместо да се прашувате дали храната е “лоша” и дали треба да се чувствувате виновни за јадењето, помислете: Дали оваа храна квалитетно го храни моето тело? Дали има витамини и минерали? Дали ќе ми даде здрава енергија? “Ако е така, тогаш уживајте комплетно чувствувајќи се добро во третирањето на вашето тело како храм.
Кои производи може да ги консумирате без вина?
Виталиа сировите барови (Super Raw Bars) се вистинскиот здрав избор. Содржат над 80% овошје ( урма, јагода, смоква), супер храна (чиа, амарант, киноа) и јаткасти плодови кои претставуваат нутритивна ризница од растителни влакна, витамини, минерали и здрави масти. Тие се без додаден шеќер, без глутен, без ГМО, без дополнителна термичка обработка (100% cold pressed) и ќе уживате во нив без вина и без грижа на совест. Нутритиентите во Super Raw Bars ја подобруваат дигестијата, го регулираат холестеролот и крвниот притисок, како и стимулираат лачење на серотонин (хормонот на „среќата“). Сосема доволно причини за вклучување на истите во секојдневната исхрана и извршување на дневните активности енергично и здраво.
Преземете ја контролата врз вашето здравје и инвестирајте во здрав организам, витално тело и спокоен дух, а Виталиа нека биде ваш верен сопатник во „JUNK FREE, GUILT FREE “ мисијата.