Новости

Погодете какви здрави продукти јадат нашите соседи

На нашето поднебје добрата храна отсекогаш била приоритет, нешто на кое се посветува внимание, време и љубов, централна намирница што не’ поврзува на секој социјален настан.

А што всушност значи добра храна? Богата арома и вкус, изобилство на хранливи материи и комплетен баланс за нашето тело, ум и срце.

Македонија како земја на природни, здрави и извонредно вкусни традиции, има што да понуди. Кога зборуваме за здрава храна, главниот избор на здрави производи е првенствено Виталиа.

Дојдовме до интересни резултати – секоја соседна нација има различен “вкус” кога се работи за изборот на здрава храна, па така додека во Србија и Албанија доминираат овошните вкусови, во Бугарија и Грција се преферира префинетиот вкус на чоколадото.

Имено, во Србија, популацијата ужива во крцкавиот вкус на мусли и овошното освежување од малина и капина. Кранчи муслите со малина и капина се нивниот омилен производ – уникатен спој на шумско овошје и житни снегулки што ги прави совршено избалансиран оброк за почеток на денот.

Во Бугарија, нашиот источен сосед, идеалната ужинка претставува гранола-бар со вкус на чоколадо и банана. Барсови со високонутритивен состав, единствен вкус на лешник и орев, кој не’ потсеќа на препознатливиот вкус на турската баклава.

Во Албанија пак, најбарани се муслите со тропско овошје. Вкусниот склоп на егзотични плодови го исполнува нашето тело со здрави нутритиенти и не носи во спокојот на тропските предели.

Да не ги заборавиме нашите соседи од Медитеранот, Грција, за кои омилен здрав избор претставуваат чоколадните мусли дефинирани со слатко-горчливиот вкус на чоколадото надополнето со крцкавоста на јаткастите плодови.

Иако секоја индивидуа има различен вкус, нашите соседи ги обединува желбата за здрава исхрана која им овозможува високо ниво на енергија и витално тело.

А Виталиа, и за нив останува најдобриот избор!