Сега кога патиштата се отворени, а рестрикциите тргнати – време е за вашата празнична викенд авантура! Велигденскиот продолжен викенд е добар изговор за да го напуштите домот и да се упатите кон широките пространства на нашата убава земја. Затоа одберете локација, спакувајте ја потребната облека, земете ги неопходните работи со вас и поминете релаксиран, удобен викенд надвор од домот.
Која и да е причината за патување, секогаш е тешко да се испланираат оброците, особено ако сакаме да се придржуваме до здравата храна. Можеби е тешко, но не е невозможно. Со малку волја и добро планирање, ќе успеете да се храните вкусно и здраво – дури и во движење!
Ако патувате со автомобил, тогаш можете лесно да најдете изговор за да „тркнете“ до некаде и да се почестите со брза храна. Меѓутоа, обидете се да одолеете и да се придржите до здравата исхрана. Кога и да почувствувате глад, наместо по бургер или тост, посегнете по некој од Raw bar-овите на Виталиа – направени од 100% сирови состојки со минимално процесирање, без додаден шеќер и повеќе од 80% на овошје.
Доколку сте љубител на крцкава ужина, не заборавајте да спакувате од новите барови со јаткасти плодови од Виталиа. Високиот процент на суво овошје, јатки и житарки ги прават овие барови 100% неодоливи, за 100% здрава енергија.
Барот со бразилски орев и суво грозје е вкусно и едноставно задоволство: егзотичен бразилски орев,крцкави бадеми и суво грозје кое додава мека текстура и природна сладост.
Бразилскиот орев е најдобриот извор на селен од било која друга храна на планетата. Поради високата концентрација, редовниот внес на бразилски орев го зајакнува имунитетот, помага во заштитата на клеточната оксидација и го намалува ризикот за болести поврзани со процесот на стареење. Сувото грозје е богато со калиум, кој го одржува нормалниот крвен притисок. Освен тоа, сувото грозје е храна со низок до умерен гликемиски индекс (индикација за нивното влијание врз нивото на шеќер во крвта), што може да помогне во превенција на дијабетес тип 2. Кикириките се богати со витамин Б3, Б6 и магнезиум и кои како дел од вашата исхрана придонесуваат за намалување на уморот и заморот.
Главниот оброк во денот треба да биде содржаен, здрав и вкусен. Но, доколку сакате да ги поминете деновите во движење – треба и да понесете соодветна храна која ќе ви ги даде потребните нутриенти, а нема да ви одземе многу време за подготовка. Take away муслите на Виталиа, се направени по специјална формула адаптирана за модерните и активни купувачи кои се грижат за своето здравје. Овие мусли се подготвени за јадење за само неколку минути и претставуваат целосен оброк богат со омега 3 и омега 6 масни киселини. Вистински избор за појадок на отворено!
Ниеден активен викенд не смее да помине без потребната доза на протеин. Една тегличка од протеинскиот млечен крем со кикиритки на Виталиа ви е доволна за целиот продолжен викенд, па дури и да патувате со целото семејство. Ниското ниво на шеќер (само 5g шеќер на 100g производ) го прави овој намаз прв избор за сите со голема желба за благо, бидејќи во него можат да уживаат без грижа на совест. Поради високото ниво на протеин, овој крем ќе ве опреми со потребите нутриенти и ќе ви ја даде енергијата потребна за да ги издржите активните денови и да имате елан во текот на целиот продолжен викенд.
Дури и кога не сте дома, важно е да се осигурате дека го храните вашето тело со здрава храна која има позитивни дејства над вашиот организам. Особено во модерното време, кога здравата храна станува достапна на секој чекор, повеќе немате простор за изговор. Не оставајте ништо на случајноста! Овој празничен викенд понесете со себе храна која ви одговара, храна која е здрава и вкусна, содржи хранливи состојки и нутриенти погодни за вас, но и храна која е лесна за јадење. Вашиот организам ќе ви биде благодарен.