Продолжените викенди обично се наменети за одмор и опуштање, но кога причината за продолжувањето е празник како Велигден, тогаш тие се често придружени со семејни ручеци и обилни оброци. А сепак, клучниот период доаѓа по крајот на празниците, бидејќи на телото му е потребна целосна детоксикација по традиционалното консумирање на храна која вообичаено не се наоѓа на трпезата и најчесто знае да предизвика тегоби и мачини во стомакот.
Најдобро е деновите по празничното „прејадување“ да се обидете да направите детоксикација на организмот и да го ослободите од вишокот храна и штетните токсини.
Често се вели дека здравата храна е еден од главните предуслови за добар имунитет и превенција на многу болести, физички проблеми и слично. Баш поради оваа причина нутриционистите препорачуваат дека по периодите на прејадување или јадење на нетипична храна, треба да се „смири“ организмот преку консумирање поздрава, полесна храна. А тоа е лесно, кога можете да се потпрете на разновидниот асортиман на Виталиа.
На зелениот чај не му треба посебно претставување. Се работи за чај за детокс кој е полн со антиоксиданти и токму од таа причина се препорачува да биде застапен на секојдневното мени. Но, зелениот чај со лимон и ѓумбир на Виталиа претставува корисна билна мешавина богата со витамини (Ц, А, Б, Е), минерали и активни состојки кои ќе го освежат и зајакнат вашиот имунолошки систем. Покрај чаеви, многу е важно да внесувате течности во текот на периодот на детоксикација, со цел да не му дозволите на телото да дехидрира. Ова е посебно важно доколку во изминатите денови пиевте алкохол и засладени пијалаци.
За успешна детоксикација, клучно е да го лимитирате внесот на процесирана храна. По големото количество на шеќери, масти и тешки храни кои се консумираат во текот на празниците, најдобар начин да го вратите метаболизмот во колосек е одново да го навикнете на полесна храна која е пријатна за него. Тоа значи полесни појадоци, помалку обилни ручеци и лимитирање на количината за вечера. Добра идеја е да ги збогатите појадоците со чиа семе, кое содржи корисни растителни влакна и е одличен извор на Омега-3, калциум и други минерали. Само додајте по 1-2 лажици во вашите мусли наутро и почувствувајте како за само неколку дена ќе добиете чувство на леснотија во стомакот.
Последно, но можеби најтешко, е да ги исфрлите десертите од секојдневната исхрана. Или барем, оние десерти кои не се добри за вас. Секогаш добар избор се гранола баровите од Виталиа, формулирани со целозрнести овесни снегулки, прелиени со бел или какао крем. Совршено крцкави, здрави и екстремно неодоливи, кој вкус и да го одберете, подгответе се за бран енергија и максимално уживање. Богати со растителни влакна, овие барови претставуваат вистинско вкусно решение како ужина или десерт, по оброците или по крајот на зафатените денови. И најдоброто? Истите се без шеќер, со што полесно ќе се придржувате до процесот на детоксикација.
Грижата за вашето тело треба да трае во текот на сите 365 дена во годината, но важно е да знаете дека дури и доколку пропуштите неколку дена, можете да го исправите тоа со правилна и насочена детоксикација. На крајот од детокс-периодот, вашето тело ќе ви биде благодарно бидејќи се грижите за него и ќе ви возврати со дополнителна енергија, елан и виталност, кои ќе ви бидат клучни во активниот и зафатен период кој следува.