Минимална обработка за максимално здравје
Трендот на исхраната со сирови состојки започнал уште во раните 1800, но во последните години достигна пик на популарност со што фокусот се сврте кон водење здрав животен стил.
Сировата храна е дефинирана како „консумација на храна која е термички обработена на температура пониска од 48ºС“. Она што ја прави сировата храна посебна е фактот што минималната термичка обработка придонесува до задржувањe на оригиналните ензими, нутритиенти и биоактивни компоненти.
Истражувањата покажуваат дека консумацијата на сирова храна води до зголемена енергија, помага во одржување на телесната маса, го намалува вкупниот холестерол и концентрациите на триглицериди.
Виталиа Raw Bars – сирови вегански продукти, без додаден шеќер и без глутен
Како лидер во иновации и секогаш во тек со трендовите, Виталиа креираше вегански сирови барови „RAW BARS”, подготвени со посебно избрани 100% сирови состојки, без глутен, без додаден шеќер, со големо количество растителни влакна и со одличен вкус.
Главната состојка на сите три вкуса е урмата, која содржи 11% од дневните потреби на железо, минерали – калциум и магнезиум и витамини Б и Е.
Останати состојки и нутритивни придобивки:
RAW BAR со урма, орев и јагода
- Киноа – извор на протеини и растителни влакна, кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во регулација на холестеролот и крвниот притисок.
- Орев – одличен извор на омега-3 масни киселини, железо, селен, калциум, цинк како и витамини Е и Б, микронутритиенти кои имаат позитивно влијание врз функцијата на нервниот систем.
- Јагода – богата со антиоксиданти, кои помагаат во борбата со слободните радикали.
RAW BAR со чиа, бадем какао и урма
- Чиа – суперхрана која претставува најголем извор на омега-3 масни киселини кои меѓу другото помагаат во регулација на холестеролот.
- Бадем – изобилува со протеини и омега-3 масни киселини како и витаминот Е кој е еден од најмоќните антиоксиданти.
- Какао – богато со флавоноиди кои ги штитат ѕидовите на крвните садови.
RAW BAR со урма, смоква, индиски орев и амарант
- Амарант – суперхрана богата со минерали фосфор и калциум , високо ниво на протеини и растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата.
- Индиски орев – уникатна состојка богата со бакар, кој го поттикнува производството на црвени крвни зрнца и со тоа го намалува ризикот од анемија.
- Смоква – Извор на растителни влакна и минерали: калциум, калиум и фосфор кои помагаат во зајакнување на коските.
Уживајте со Виталиа сировите барови со високонутритивен состав, за енергични моменти и витаминско-минерално надополнување!