Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Виталиа Никола и др ДОО Скопје (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.vitalia.com.mk (понатаму: ”интернет страница“) и/или користење на услугата за веб продажба на Виталиа , која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Достава”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
1. Кои лични податоци ги собираме
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, Виталиа ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта
При користење на услугата On-line купување, Виталиа ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта
При користење на услугата Рефундирање на средства, Виталиа ги обработува Вашите лични податоци и тоа:
• вашето име и презиме
• информации за Вашата трансакциска сметка
При користење на услугата Контакт во Информации, Виталиа ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса на е-пошта
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Виталиа ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• адреса на е-пошта
Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
2. Начин на собирање на личните податоци
Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
Виталиа ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.vitalia.com.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за рефундирање на средства;
• за контакт по пат на електронска пошта;
4. Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Виталиа ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, Виталиа применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои ВИТАЛИА има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, Виталиа ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.
Личните податоци при користење на услугата On-line купување, Виталиа има законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт во Информации, Виталиа ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај Виталиа ги чува податоците во рок од 1 (една) година.
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Виталиа ги чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.
5. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам промотивни известувања преку email”, Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука.”
Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: contact@vitalia.com.mk
Контакт телефон: +389 23078 801
6. Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
• да се информирате од Виталиа околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
• да побарате од Виталиа да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто Виталиа треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
• да побарате од Виталиа да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
• да побарате од Виталиа да ги избрише Вашите лични податоци, при што Виталиа има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• да поднесете барање до Виталиа со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
• да поднесете приговор до Виталиа за начинот на обработката на Вашите лични податоци; и
• да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса: contact@vitalia.com.mk
Контакт телефон: +389 23217177
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во Виталиа , имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk
7. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
8. Пренос на лични податоци во други држави
Виталиа не врши пренос на лични податоци во трети држави.
9. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
10. Последна промена на Политика на приватност
18.03.2022