Барот содржи вкусна мешавина од кикирики, брусница, бадеми, прелиени со вкусен какао прелив. Кикириките се одличен извор на здрави масти и протеини, додека брусницата е полна со антиоксиданси кои можат да помогнат во поддршката на вашиот имунолошки систем. Бадемите се богати со витамин Е, кој помага во заштитата на клетките од оштетување, а какаото природно го подобрува расположението.
Совршена крцкава хармонија!
Здравата ужина е важна за одржување на нивото на енергија во текот на денот. Нашиот Nut Bar со брусница и бадем е совршен избор за брза и лесна ужина on-the-go. Обезбедува постојана енергија и го одржува организмот сит подолго време, што го прави идеален избор за динамични лица на кои им е потребно брзо полнење на енергија.
Со својата комбинација на вкусови и хранливи состојки, нашиот Nut Bar со брусница и бадем е врвна ужина за оние кои го ценат своето здравје и благосостојба. Пробајте веднаш и почувствувајте ја разликата!