Печените кикирики сочинуваат дури 50% од составот во нашиот најнов протеински бар. Преостанатиот дел од овој извонредно вкусен бар се неодоливи парчиња темно чоколадо, протеин од соја, експандиран ориз и кокосови листови.
Кикириките се богати со витамин Б3, Б6 и магнезиум и кои како дел од вашата исхрана придонесуваат за намалување на уморот и заморот. Тие се богати со мононезаситени масти, влакна, витамин Е, фосфор, калиум, бакар, манган и се извор на протеини, цинк и селен.
Темното чоколадо е ризница со хранливи материи кои можат позитивно да влијаат на вашето здравје. Направено од какао зрна, е еден од најдобрите извори на антиоксиданси, калиум, фосфор, цинк и селен.
Консумирајте ги нашите NUT BARS секогаш кога ви треба енергетско надополнување. Пред тренинг, помагаат за подготовка на организмот. За време на долготрајно вежбање, ја рекуперираат енергијата. On-the-go, за време на работа, или прошетка во природа…