Кафеавиот шеќер Демерараl на Виталиа потекнува од Јужна Африка, од островот Маурициус каде тропската клима и незагадената почва овозможуваат да се произведе најквалитетен нерафиниран шеќер во светот. ВИТАЛИА кафеавиот шеќер е произведен на едноставен начин, со цел да се задржи, а не да се одстрани, природната меласа на шеќерната трска.
Квалитетот на шеќерот се согледува преку концентрацијата на природна меласа во него. Токму во меласата се содржани сите хранливи состојки на шеќерната трска. Според тоа, колку што е шеќерот потемен (со потемна кафеава боја) толку неговата содржина на витамини и минерали е поголема. Тоа значи дека во белиот шеќер нема воопшто меласа, односно целосно се одстранети хранливите состојки важни за здрав организам.
Со други зборови конзумирајќи бел шеќер внесувате само калории и ништо повеќе. Затоа секогаш кога имате потреба од засладување помислете на сопствениот избор. Наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер со што ќе добиете не само вкусен туку и здрав оброк.
Демерара е светло кафеав шеќер во кристали со карактеристичен вкус и арома. Можете да го користите како здрав и крцкав прелив на овошните салати, на тортите, или како засладувач на кафето и чајот.
Прифаќањето на здравиот начин на исхрана е можно. Целосното уживање во таа промена зависи само од Вас. Со заменувањето на белиот шеќер со кафеав, ќе им понудите поздрава и повкусна исхрана на своите најблиски.