Гранола бар со орев & лешник совршена комбинација на овесни снегулки и одбрани јаткасти овошја, засладени со кафеав шеќер. Подготвени се по специјална рецептура која ќе ги изненади вашите сетила и даде долготрајна енергија.
Гранола баровите се нов производ на ВИТАЛИА карактеристични со својата примамлива арома, крцкавост и богата нутритивна вредност. Богати со растителни влакна – бета глукани.
Гранола баровите се едноставни за конзумирање и се здрава ужина или десерт за сите возрасти во било кој дел од денот. Спакувани се во поединечно пакување кое содржи 2 житни плочки и фамилијарно пакување од 6.