Дополнително содржи и органски киселини, аминокиселини, фенолни состојки.
Но исто така Јаворовиот сируп е основната состојка во познатата лимонова диета.
Диетата со Јаворов сируп можете да ја примените 3-4 пати во годината. Таа ќе Ви помогне и во подобрување на квалитетот на кожата и косата, работата на дигестивниот систем но и во подобрување на психофизичката состојба. По примената на оваа диета ќе се чувствувате многу полесно, со повеќе енергија и животна сила.
Диетата со јаворов сируп е идеална за намалување на телесната тежина но и за прочистување на организмот. Со нејзино применување можете да ослабите од 5 до 10 килограми и тоа за само 10 дена. Тоа се должи на активното намалување на масните наслаги и токсините од телото и нивно ефикасно елиминирање.