За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето. Со негово редовно користење во исхраната се подобрува расположението, се зголемува будноста и работната способност. За ова дејство, според зборовите на стручњакот за овес д-р Вандел Гансман и автор на книгата “Овесот - елемент на современата исхрана”, се заслужни супстанциите од типот “амини за будност”. Овие супстанции, кои настануваат од белковините на овесот, во телото на човекот влијаат врз ослободување на допаминот, еден проадреналин и на серотонинот, “хормон на среќата”. Благодарение на тие процеси, овесните снегулки не само што ја подобруваат концентрацијата и работната способност, туку влијаат и врз расположението, секако, во позитивна смисла.
Овесните снегулки се еден од производите најбогати со витамин Б1 (тиамин) и веќе со 100 грама снегулки се задоволуваат 40% од дневните потреби од овој витамин, неопходен за правилно функционирање на нервите и мускулите. Врз основа на овие својства на овесот следува и препораката на д-р Гансман дека е најдобро секое утро да се изеде чинија овесни снегулки. Со тоа, ќе добиете исклучително хранлив, здрав и лековит оброк.