Виталиа ливадскиот мед потекнува од недопрените ливадски предели во Крушево, Македонија. Има извонреден вкус и арома. Ливадскиот мед може да се најде во повеќе бои: од светло жолта до темна, речиси кафеава.
Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства.
Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, зашто одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. Ефектот ќе биде сличен и ако го растворите медот во лимонада, чаша вода или во шоља чај.