Нутриционистите со години наназад ја потенцираат важноста на здравиот појадок. Тие нагласуваат дека лицата кои не го прескокнуваат појадокот имаат помали шанси да заболат од дијабетес, срцеви болести, и да добијат прекумерна телесна тежина.
Па затоа, ви препорачуваме да создадете здрава навика. Денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки и овошје) кои потопени со млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.
Токму затоа Муслите за појадок на Виталиа не се само обична мешавина. Со стручно креирана рецептура од врвни компоненти, тие му даваат богата и здрава основа на организмот за старт на денот.
Муслите за појадок имаат богат нутритивен профил и содржат 79% житни снегулки, суво овошје (банана и суво грозје) и семки од сончоглед и лен.
Сувото грозје изобилува со растителни влакна, калциум и железо, а може да го замени и шеќерот во исхраната. Бананата содржи магнезиум, железо, калиум, Ц витамин и Б витамин. Сончогледовото семе содржи: целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е, калциум и фосфор. Лененото семе изобилува со хранливи материи како омега-3 и омега-6 масните киселини, витамините Б1, Б2 и Ц, железо и цинк. Овошните мусли претставуваат здрав појадок за целото семејство кои ви даваат енергија за активен ден. Имаат висока содржина на влакна и не содржат додатни шеќери.