Муслите за појадок имаат богат нутритивен профил и содржат 79% житни снегулки, суво овошје (банана и суво грозје) и семки од сончоглед и лен.
Сувото грозје изобилува со растителни влакна, калциум и железо, а може да го замени и шеќерот во исхраната. Бананата содржи Б6, магнезиум,железо, калиум, Ц витамин и Б витамин . Сончогледовото семе содржи: целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е,калциум и фосфор. Лененото семе изобилува со многу хранливи материи меѓу кои спаѓаат: омега-3 и омега-6 масните киселини, витамините Б1, Б2 и Ц, железо и цинк. Овошните мусли претставуваат здрав појадок за целото семејство кои ви даваат енергија за активен ден. Имаат висока содржина на влакна и не содржат додатни шеќери.
Употреба: Лесна и брза подготовка: 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 10 мин.