Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок?
Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање. Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи.
Ако го обожавате слатко киселиот вкус на малината, вашиот избор за здрав појадок нека биде Виталиа овесна каша со малина.
Карактеристики на производот:
- Посно/Веган
- Збогатена со 8 Б витамини
- 73% овесни снегулки од цело зрно
- Содржи суперхрана киноа
- Извор на растителни влакна
- Мало количество заситени масти
Овесот е житарка со извонредни карактеристики и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдневно мени.
Малината го дава извонредниот вкус на oвесната каша со малина. Богата е со витамин Ц, минерали (манган, магнезиум, железо) и е богат избор на растителни влакна.
Хранлив и здрав оброк за сите кои се хранат здраво и практикуваат здрав начин на живот. Погодни за вегетаријанци и вегани.