Мангото е магично овошје кое може да претвори досаден ден во динамика од егзотични вкусови. Ужинка слатка како најлудите тропски авантури. Изобилство од свежина и крцкав индиски орев, надополнето со слаткиот вкус од банана и кокос.
Нутритивни бенефити: Мангото е нискокалорично овошје богато со растителни влакна и е одличен извор на витамини А и Ц. Исто така, содржи фолна киселина, Б6, железо , калциум, цинк и витамин Е. Мангото е и добар извор на антиоксиданти, содржи одредени фитохемикалии како што се галотанини и мангиферин.
Индискиот орев е уникатна намирница коjа е богатa со бакар, како и биоактивната компонента ( пигмент) зеаксантин.
Уживајте во слатка и здрава ужина секој период од денот!
- ВЕГАН
- Без глутен
- Без додаден шеќер
- Без грижа на совест
- Без размислување